Ова е подрумот на еден универзитет во Данска. Содржи 9.479 човечки мозоци
Ббројни полици се наредени во подрумот на данскиот универзитет во Одензе. На нив е наредена најголемата колекција мозоци во светот, складирани во тегли со формалин. Колекцијата се состои од 9.479 органи извадени од трупови на ментално болни пациенти во текот на четири децении, до 1980-тите.
Мозоците зачувани во формалин, во големи бели контејнери, означени со бројки, се животно дело на истакнатиот дански психијатар Ерик Стромгрен. Станува збор за „некаков вид експериментално истражување“ кое започнало во 1945 година, објасни експертот за историја на психијатријата Џеспер Вачи Краг.
Стромгрен и неговите колеги веруваа дека „можеби би можеле да откријат нешто за тоа каде е изворот на менталната болест или мислеле дека можат да најдат некои одговори во органите“. За оваа колекција во Данска не е побарана дозвола од пациентите ниту од нивните семејства, додека тие биле живи.
„Тоа беа државни психијатриски болници и немаше нокој кој поставува прашања за тоа што се случува внатре во таквите институции“, вели Вачи Краг. Во тоа време, правата на пациентите не се почитуваа многу. Напротив, општеството сметаше дека мора да биде заштитено од такви луѓе, изјави научник од Универзитетот во Копенхаген.
Според тогашниот закон, пациентите сместени во психијатриски установи помеѓу 1929 и 1967 година морале да бидат стерилизирани. И до 1989 година, тие мораа да бараат посебна дозвола ако сакаат да се венчаат.
Сите Данци во тоа време биле подложени на обдукција
Данска ги сметаше „ментално болните“, како што тогаш ги нарекуваа, „товар на општеството и веруваше дека ќе предизвикаат разни проблеми ако бидат пуштени од болница или ако им дозволат да имаат деца“, рече Вачи Краг. Тогаш , телата на секој од починатите Данци, биле подложени на обдукција, изјави патологот Мартин Виренфелд Нилсен, менаџер на колекцијата.
„Тоа едноставно беше дел од културата тогаш. Аутопсијата беше само уште една болничка процедура“, објасни Нилсен. Развојот на постморталните процедури и зголемувањето на свеста за правата на пациентите го сигнализираа крајот на додавањето нови примероци во колекцијата, но дури во 1982 година.
Потоа имаше долга и жестока дискусија за тоа што треба да се направи со колекцијата. Данската државна комисија за етика конечно одлучи дека треба да се зачува и да се користи за научно истражување.
Нема корист ако не се користи
Колекцијата, која долго време се чуваше во градот Архус на западот на Данска, беше преместена во Одензе во 2018 година. Истражувањето во кое беше користена колекцијата опфати широк спектар на болести, од деменција, преку шизофренија и биполарно растројство до депресија.
„Дебатата во еден момент стивна и денес луѓето велат: „Во ред, ова е многу импресивно и корисно научно истражување доколку сакате да дознаете повеќе за менталните болести“, рече менаџерот на колекцијата. Некои од мозоците им припаѓале на луѓе кои страдале и од потешкотии во менталното здравје и од болести на мозокот.
„Имајќи предвид дека многу пациенти половина или дури и целиот свој живот го поминале во такви државни институции, тие страдале и од други мозочни заболувања, како што се мозочен удар, епилепсија или тумори на мозокот“, додаде тој. Во моментов, колекцијата ја користат четири истражувачки проекти.
„Ако не се користи, не е корисно“, рече поранешниот шеф на данската асоцијација за ментално здравје, Кнуд Кирстенсен. „Сега кога постои, треба да ја искористиме“, рече тој, жалејќи се на недостигот на средства потребни за финансирање на истражувањето.
Колекцијата е уникатна
Невробиологот Сузана Азнар, експерт за Паркинсонова болест од болница во Копенхаген, ја користи колекцијата на органи во формалин како дел од истражувачкиот проект на нејзиниот тим. Таа објасни дека мозоците во колекцијата се единствени бидејќи им овозможуваат на научниците да ги проучуваат ефектите од современите медицински процедури.
„Тогаш пациентите не се лекуваа со процедурите што ги применуваме денес“, додаде таа. Затоа мозокот на денешните пациенти претрпел промени поради терапии на кои тие се подложуваат. Кога тимот на Азнар ги споредува денешните мозоци со оние од колекцијата Оденсе, „имаме можност да видиме дали овие промени можат да се поврзат со терапевтски процедури“, рече таа.