OUTDOOR & TRAVEL FAIR 2026 – три дена инспирација, авантура и активен начин на живот во Скопје Сити мол


Skopje City Mall ве поканува на третото издание на Outdoor & Travel Fair 2026, кое ќе се одржи од 24 до 26 април.

По успешните претходни изданија, саемот повторно носи свежа енергија за сите љубители на природата, спортот и патувањата.

Посетителите ќе имаат можност да истражат селектирани брендови со најнова outdoor опрема, да учествуваат во интерактивни искуства и да пронајдат инспирација за својата следна авантура 

Во текот на трите дена, покрај изложбените штандови за outdoor опрема и искуства, организаторите најавуваат и програма која носи богата и динамична содржина, со учество на истакнати експерти, спортски ентузијасти и организации од outdoor заедницата.

Саемот започнува со свечено отворање и присутство на Министерот за спорт Борко Ристовски, по што следува разгледување на штандовите и директна комуникација со изложувачите. Во продолжение, првиот ден носи инспиративна програма исполнета со предавања и автентични приказни, меѓу кои презентацијата „Од идеја до реализација“ за проектот Grizzly Iglos, сесија посветена на маркетинг и storytelling за мали outdoor бизниси, како и проектот „Викиекспедиции“ со Тони Ристовски, посветен на истражување на македонските села.

Саботната програма носи поактивен и lifestyle карактер, со теми посветени на активните мајки – „хајк со мајките“ со Ирина Камилоска, како и уникатен DJ сет  во комбинација со cooking experience, кој ја спојува музиката и кампинг гастрономијата во една неформална outdoor атмосфера.

Неделата е резервирана за практични работилници и спортски содржини – извидничка работилница со одредот Brico, презентација за атлетика во природа, велосипедистички работилници со Лазо Миновски од ProBike, панел со Симона Трајковска за брзо и ефикасно пакување за планинарење, како и презентации за планинско трчање со Pelister Unique Trail Marathon.

Дополнително, ќе има демонстрации за snowboarding на суво, kite surfing опрема и подготовка, како и презентација или краток филм од Илија Циривири и Мартин Пејоски, кои ќе споделат нивни последни outdoor достигнувања.

Финалниот дел од програмата вклучува доделување награди за најдобар изложувач и најдобра работилница, како и прогласување на победниците од фото натпреварот на тема природни убавини и outdoor авантури во Македонија со Драган Тапшанов, со што се заокружува уште едно инспиративно и динамично издание на саемот.

Со проширена понуда и нови содржини, ова издание ветува уште повеќе идеи за активен начин на живот и квалитетно поминато време на отворено.

(Комерцијален текст)