Од Ковид почина Карлос Марин, пејачот на Ил Диво


Англија- Пејачот на Ил Диво, Карлос Марин, почина на 53-годишна возраст во неделата во Манчестер. Причината за смртта е компликации од Ковид, по неодамнешната хоспитализација.

Шпанскиот Ел Паис во четвртокот објави дека Марин бил ставен во медицински индуцирана кома. Повикувајќи се на извор од издавачката куќа „Универзал“ на „Ил Диво“, весникот објави дека пејачот не се чувствувал добро една недела додека бил на турнеја во Англија, пред да биде хоспитализиран.

Бендот ја потврди хоспитализацијата преку Твитер.

Марин е роден во Германија, но израснат во Мадрид откако неговото семејство се преселило кога тој имал 12 години. До моментот на преселбата, тој веќе снимил два албума и настапувал пред голема публика.

Во 90-тите, тој глумеше во повеќе сценски продукции, вклучувајќи ги Les Misérables, Beauty and the Beast, Grease и Петар Пан, меѓу другите.

Тој му се придружи на Ил Диво во 2003 година, откако беше откриен од Сајмон Кауел, што предизвика успешно партнерство во кое групата објави 10 студиски албуми кои се продадени во повеќе од 30 милиони примероци.