Очекувањата на Велика Британија по напуштањето на ЕУ: Фантастична иднина или скок во непознато?


Пандемијата тешко ја погоди земјата и предизвика економска криза, доведувајќи ги во прашање ветувањата на Џонсон за светла иднина

 

Дали Велика Британија ја очекува фантастична иднина по напуштањето на Европската унија, како што вети конзервативниот премиер Борис Џонсон, или опасен скок кон непознатото, како што стравуваат противниците на Брегзит?

По речиси 50 години членство во Европската унија, Велика Британија започнува ново поглавје на 1 јануари 2021 година, пишува во анализата на Франс прес, пренесува Хина.

Што ќе се промени на 1 јануари?

Велика Британија официјално ја напушти Европската унија на 31 јануари годинава, но во тек е преоден рок до 31 декември, во кој мора да ги почитува европските правила.

Од 1 јануари 2021 година, земјата ќе биде независна, без разлика дали е тоа добро или лошо. Дали ова ќе биде со или без нов трговски договор со ЕУ ќе се знае во наредните денови кога ќе завршат тешките преговори.

Владата уверува дека се држи до своите долгорочни цели и дека парите што досега биле исплатувани на Европската унија подобро ќе бидат потрошени на британско тло

Разијдување без договор би значело трговски хаос, повторно воведување на царини, па дури и можеби недостиг на храна или лекови. Но, и доколку се постигне договор, британските извозници ќе мораат да пополнуваат мноштво документи за да докажат дека на нивната стока им е дозволен влез на европскиот пазар.

Што е „глобална Британија“?

Како дел од концептот на „глобална Британија“, Лондон тврди дека сака повторно да ги зајакне партнерствата со остатокот од светот, пред се со својот „најблизок и најважен партнер“ САД, како што посочува Џонсон. Но, Џонсон изгуби важен адут поради поразот на големиот поддржувач на Брегзит, Доналд Трамп, на претседателските избори.

Покрај тоа, пандемијата на корона вирусот силно ја погоди земјата и предизвика економска криза, доведувајќи ги во прашање ветувањата на Џ

Суштината на идејата за „глобална Британија“ е дека Велика Британија не се затвора во себе, туку се свртува кон надвор и склучува договори за слободна трговија низ целиот свет.

Како дел од концептот на „глобална Британија“, Лондон тврди дека сака повторно да ги зајакне партнерствата со остатокот од светот

„Сега кога глобалната Британија се враќа, време е индустријалците, мажите и жените кои работат и иноваторите да ни помогнат да го напишеме нашето највозбудливо поглавје досега“, рече британската министерка за меѓународна трговија Лиз Трус кон крајот на октомври, очекувајќи нагло зголемување на британскиот извоз.

Трус веќе потпиша договор за слободна трговија со Јапонија и преговара за слични договори со САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд.

Склучените договори или оние што се во подготовка, вклучително и со ЕУ, учествуваат со 80 проценти во надворешната трговија до 2022 година, рече Трус, а владата ја превзема грижата за помошта за меѓународен развој, што сега е одговорност на Министерството за надворешни работи.

Што ќе се промени во земјата?

На изборите во декември 2019 година, програмата на Борис Џонсон беше „спроведување на Брегзит“, а потоа да се фокусира на британските приоритети, пред се на јавните услуги.

Идејата беше да се насочат напорите и вложувањата кон региони кои не профитирале од растот на финансискиот сектор со седиште во Лондон.

Таа програма за модернизација на земјата преку нови инвестиции беше ставена под мраз поради пандемијата.

Разијдување без договор би значело трговски хаос, повторно воведување на царини, па дури и можеби недостиг на храна или лекови

Во неа, меѓу другото, се предвидува втора брза железничка линија HS2 што ги поврзува Лондон, Бирмингем, Манчестер и Лидс. Возовите ќе возат со брзина од 360 километри на час. Првата брза железничка линија го поврзува Лондон со тунелот под Ламанш од средината на 2000-тите.

Владата уверува дека се држи до своите долгорочни цели и дека парите што досега биле исплатувани на Европската унија подобро ќе бидат потрошени на британско тло.

Некои Британци бараат радикална трансформација на британскиот економски модел за да ја трансформираат земјата во еден вид „Сингапур на Темза“, фискален рај со крајно дерегулиран финансиски сектор што ќе се натпреварува со Европската унија пред нејзиниот праг.

Владата ветува дека нема да ги надмине своите „црвени линии“ и дека нема да бидат склучени трговски договори на штета на националниот здравствен систем или земјоделско-прехранбените норми.

За да склучи трговски договор, Вашингтон би можел да го принуди Лондон да се согласи на ист вид концесии како оние што ги договорил со други земји.

Не треба да се заборави дека новоизбраниот претседател на САД, демократот Џо Бајден, кој има ирско потекло, може да се спротивстави на плановите на Борис Џонсон цврсто да ја врзе Северна Ирска за Велика Британија и покрај одредбите договорени со Брисел.