Покрај ребаланс на Буџетот, до крајот на годината ќе има и прераспределба на буџетски средства
Постапката за ребаланс на Буџетот е на самиот почеток, но и покрај тоа, денеска премиерот Христијан Мицкоски најави дека покрај ребалансот, до крајот на годината ќе има и дополнителна прераспределба на буџетски средства.
„Вообичаено е во јуни да почне процедурата и во јули да се донесе ребалансот на Буџетот. Така беше во 2024 и во 2025 година, а до крајот на годината ќе има уште една конечна прераспределба на Буџетот, некаде во ноември и тоа е вообичаена процедура која што трае“, рече денеска Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во ГОБ „8 септември“, каде што беа промовирани реновирани хируршки сали.
Во однос на зголемената стапка на инфлација, Мицкоски рече дека секаде во светот се инфлацијата зголемува.
„Но, она што е кај нас важно, ако ја споредуваме денешната состојба со онаа во 2022 година, во истиот период март, април и мај, ќе забележите дека тогаш е два пати поголема од сега и тоа е успехот со справување со криза и кризен менаџмент. Ако сега беше два пати поголема од тогаш, ќе речевме дека ова влада е неуспешна“, рече Мицкоски.