Обвинителот Кристијан Смилевски на местото на Ленче Ристоска, се надева дека нема да го застари „Талир“
Кристијан Смилевски е новиот обвинител од скопското обвинителство го презеде предметот „Талир 2“, каде што остана да биде обвинет поранешниот премиер Никола Груевски и партијата. Смилевски дојде на денешното рочиште на местото на обвинителката Ленче Ристоска која даде оставка откако републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ѝ ги зеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.
Смилевски го проучил предметот и се надева дека ќе го заврши пред да застари, на крајот на август. Сепак и денешното рочиште се одложи откако по трет пат не дојде сведокот на одбраната, поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски. Овој пат, Божиновски бил на фамилијарно патување, за што адвокатот на Груевски достави авионски карти како доказ дека Божиновски не е во земјава.
Божиновски треба да се појави во суд на 30 април кога треба да даде исказ како сведок на одбраната. Доколку поранешниот премиер се врати, тој има право да побара ново судење и случајот ќе почне од почеток.
На Груевски му се суди и во „Талир 1“ што според толкувањата на Ристоска застарува во 2035 година. Во овие предмети замрзнато е седиштето на владејачката партија и другите партиски седишта.