Нуклеарката Запорожје доби струја по 90 минути прекин


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека нуклеарната електрана Запорожје, во близина на Енергодар, повторно добила струја преку далеководот „Ферославна-1“, со што е прекинат недостигот на надворешна струја кој траел приближно 90 минути.

„Дизел генераторите на електраната оттогаш се безбедно исклучени. Тимот на МААЕ во електраната продолжува да ја следи ситуацијата“, се наведува во соопштението на МААЕ објавено на Х.

Прес-службата на нуклеарната електрана Запорожје претходно денеска соопшти дека нуклеарката пријавила прекин на струја, поради што било активирано напојување преку дизел генератори.

„Во Запорошката нуклеарна електрана надворешното напојување е исклучено. Ситуацијата е под контрола. Како резултат на автоматската заштита, високонапонскиот далеководот 330 kV ’Ферославна-1‘ е исклучен. Далеководот ’Дњепровскаја‘ остана исклучен од 24 март 2026 година“, соопшти претходно електраната.

Со нуклеарната електрана Запорожје од 2022 година управува руската компанија Росатом.