Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд


Осло – Норвешка ќе отвори Конзулат во главниот град на Гренланд, Нук, најави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

– Далечниот север останува врвен стратешки приоритет на Норвешка, а Арктикот е сè поважен за меѓународната политика и безбедност. Генералниот конзулат во Нук ќе ги зајакне и политичките контакти и соработката во врска со заедничките интереси во регионот, наведе Сторе.

Обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да стекне контрола врз полуавтономната област на Данска, ги затегна односите меѓу Вашингтон и европските членки на НАТО.

Претходно, Франција отвори Конзулат на Гренланд, додека САД минатиот месец го премести својот Конзулат во поголеми простории.