Никола Димитров ѝ објаснил на Сиљановска каде греши за Преспанскиот договор и таа сега се поправила


 

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров,, кој е и потписник на Преспанскиот договор, пред една година ѝ предочил на Гордана Сиљановска-Давкова каде греши во оценките за него и таа сега се поправила.

Така барем тврди Димитров во освојата објава на Фејсбук по оценките на претседателката Сиљановска дека со Преспанкиот договор се заштитени македонскиот јазик, идентитет и култура.

„Ставот на претседателката треба да се поздрави. Како што претседателката имаше храброст и доблест тоа да го признае, на истите линии треба да застанат и сите кои ѝ мислат добро на земјата“, вели Димитров.

Во истата објава тој го нарекува францускиот предлог „дебакл“ и дека тој не може да се споредува со Преспанскиот договор, особено поради Вториот протокол. И ја напаѓа опозицијата за тоа што го усвои овој предлог кога беше власт.

„Опозицијата нема право да ликува и да се потсмева дека некој променил став додека самата сѐ уште нема абер да си ја признае сопствената огромна грешка на прифаќање на пакетот што нѐ упропасти.

Претседателката се ‘освестила’… ама што правиме со вас? Дали таму воопшто некој има свест да признае, да се одважи и да каже дека погрешија. Јас верувам дека има. И ги повикувам да се гласни! Оти нивниот молк денес веќе не е погубен само за таа партија, туку е и за државата“, вели Никола Димитров.