На годишнината од Чернобил Русите и Украинците се убиваат


Шеснаесет лица се убиени во меѓусебните напади на Русија и Украина, соопштија денеска официјални лица во Москав и Киев, на годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Девет лица се убиени во руски напад врз украинскиот град Днепар вчера, изјави шефот на регионот Олександр Ганџа.

Едно лице е убиено во украински напад со беспилотни летала врз пристанишниот град Севастопол на Крим, соопштија руските власти.

Гувернерот на украинскиот регион Луганск, Леонид Пашечник, кој беше назначен на функцијата од руските власти, изјави дека пет лица се убиени во украински напади врз село.

Една жена е убиена и во украински напад со беспилотни летала во Белгород, соопштија локалните власти.

Генералштабот на украинската војска во понеделник соопшти дека Киев погодил рафинерија за нафта во Јарослав, на неколку стотици километри од Москва.

Нападот предизвика неколку пожари. Кремљ досега не го коментираше инцидентот.