Модниот свет во шок : Вирџил Абло ги надмина „Шанел“ и „Гучи“


Франција– Веста дека Вирџил Абло (41) , уметнички директор во „Луј Витон“ задолжен за машките колекции, почина од рак-го шокира модниот свет.

Кој е Вирџил Абло?

По само шест години од лансирањето на сопствениот бренд, неговите дизајнерски парчиња станаа најпопуларни и ги надминаа модните куќи како „Шанел“, „Гучи“ и „Баленсијага“.

Кога во 2012 година го формираше брендот за луксузна улична мода „Off-White“, никој не очекуваше дека Вирџил ќе направи револуција на модната сцена. Прво, глобалната платформа за пребарување „ Lyst“ го промовира во најпопуларен бренд, кој за една година, за 33 места се искачи на самиот врв, потиснувајќи ги брендовите како „Шанел“, “Гучи“ и „Баленсијага“.
 

Абло се истакна со колекцијата посветена на принцезата Дајана, а го дизајнираше и фустанот со здолниште од тул за тенисерката Серена Вилијамс во кој настапи на Отвореното првенство на САД. За неговите модни ревии на Неделата на висока мода во Париз, најмногу се зборува, особено кога манекенките се Бела Хадид и Кендал Џенер. Неговата облека ја носат и Ким Кардашијан, Ријана и Наоми Кембел. Позицијата на креативен директор на машката мода во „Луј Витон“ му донесе дополнителна популарност како и соработката со „Најк“ и „Икеа“, „Џими Чу“, „Тимберленд“.

Британскиот моден совет, „Off-White“, го номинира и за бренд на годината што е едно од најголемите признанија на доделувањето на „Фешн авордс“.

Абло, женет и татко на две деца, е роден во Чикаго, од доселеници од Гана. Завршил постдипломски студии по архитектура на Институтот за технологија во Илиноис. Веднаш по студиите се приклучува на креативниот тим на раперот Кање Вест. Аблох истовремено е и интернационален диџеј, со сетови во Њујорк, Мајами и Јужна Кореја, а настапи и на „Лолапалуза“.