Министерката Божиновска се сретна американската амбасадорка во Атина
Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Кимберли Гулфојл амбасадорка на САД во Грција.
Како што соопшти Министерството за енергетика на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на енергетската соработка, енергетската безбедност и можностите за продлабочување на партнерството во областа на инфраструктурните и стратешките енергетски проекти.
Божиновска ја информирала амбасадорката за текот на активностите поврзани со изградбата на гасниот интерконектор со Грција. „Заеднички беше подвлечена потребата од зголемување на обемот на американски инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти во Македонија и регионот, особено во делот на гасната инфраструктура и модернизацијата на енергетските капацитети“, се наведува во соопштението.