Мицкоски има чувство дека Македонија се претвора во Лас Вегас
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Влен го враќа законот на ДУИ за казината што не беше усвоен. Премиерот Христијан Мицкоски и денеска најави дека дека со новиот новиот закон за игри на среќа рече дека треба да се стави ред и дисциплина и дека нема да има последици за губење работни места.
„Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами за казина. И некако како правило до нив веднаш има канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница.Повеќе нема да има таков тип реклами коишто привлекуваат внимание. Со овој закон мора да се стави ред и дисциплина во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас“, изјави Мицкоски денеска од Виница.
Тој не се согласува дека тврдењата на Асоцијацијата за игри на среќа дека ќе има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места.
„Мислам дека законот беше донесен ултратранспаретно. Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека ние не можеме да се усогласиме 100 проценти со оние што се дел од тој бизнис во моментот бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните“, рече тој.