Мицкоски алармира: Пресудите на Стразбур може да не чинат над милијарда евра!
Премиерот христијан Мицкоски денес алармираше дека државата се соочува со можноста да исплати огромна сума на пари за пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тоа се расправало вчера и на владина седница со оценка дека пресудите прават нов, многу голем предизвик, бидејќи ќе треба да се дадат можеби над милијарда евра.
– Ова е многу, многу поголем предизвик од оној што беше со солидарниот данок. Така што, има предизвици и проблеми, но нема да отстапуваме. Сме се нафатиле на оваа работа, ќе се бориме, порача премиерот Мицкоски.
Тојк зборуваше и за Реформската агенда поврзано со иинтервјуто на известувачот Томас Вајц. кое покрена реакции во јавноста. Притоа потврди дека два или три чекора владата нема намера да ги оствари.
-Имаме десетина чекори што треба да ги завршиме до крајот на јуни. Утре имаме координација за тие десетина чекори. Од тие, два-три сигурно нема да направиме зашто ако државата не испорача електрична енергија, тогаш вие граѓаните ќе плаќате 30 – 40 отсто поскапи сметки за струја. Се субвенционира струјата и во Франција, и во Германија, и во Италија. Не можеме ние нашите граѓани континуирано да ги удираме по џебот зашто некој не водел сметка кога ја формирал индикативната листа на реформи. Ние таа реформа однапред кажавме дека нема да ја примениме. Работиме на подзаконските акти во Министерството за енергетика за да може Законот за енергетика да стане функционален, работат во Министерството за финансии на законски измени и подзаконски акти во делот на колатералот… Ние сите проекти ги работиме. За некои од проектите се потребни измени во законите. Вчера на Влада помина Законот за оружје во делот на ловството. Имаме проекти што ги тераме и треба време, треба да помине низ парламент, но бидете сигурни дека сѐ ќе сториме она што ќе додаде вредност во квалитетот на животот на граѓаните да го испорачаме. Тоа што е на штета на граѓаните, на џебот и стандардот, нема да го прифатиме, подвлече премиерот.