Мелони ја оцени изјавата на Трамп за папата како неприфатлива
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја оцени како неприфатлива изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на сметка на папата Лав XIV, кој во неколку наврати ја осуди војната на Блискиот Исток.
„Папата е поглавар на Католичката црква, правилно е и нормално тој да повикува на мир и да ги осудува сите форми на војна“, напиша Мелони на социјалните мрежи.
Трамп остро го критикуваше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, дека „не ја врши добро работа“ во водењето на таа црква, и дека е „многу либерален“ и дека треба „да престане да се додворува на радикалната левица“.
Папата одговори на тие остри критики нагласувајќи дека апелите на Ватикан за мир и помирување се темелат на Евангелие и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. Папата додаде дека нема да влегува во расправија со Трамп.