Машка чанта на „Луј Витон“: Изгледа како авион и чини 39 илјади долари
Франција- Во однос на луксузната модна линија на близнаците Олсен The Row која продава чанта што чини 49.500 американски долари и на Хермес, познат по своите многу скапи чанти, дури и од 2 милиони долари, новата чанта на Луј Витон е играчка. Чини 39 илјади долари, дел е од машката линија, за сезоната есен/зима 2021 и е со потпис на уметничкиот директор Вирџил Аблох. Новата линија била инспирирана од туристичките vs пуристичките архетипи, кои се контрастни машки стереотипи.

„Тоа е мојот принцип на организирање за моето гледиште кога дизајнирам модни додатоци“, изјави Аблох за Вог. „Турист е оној кој е желен да учи, кој сака да ја види Ајфеловата кула кога ќе дојде во Париз. Пурист е личност која знае сè за сè “. (WWD)