Мараја Кери е спремна за Божикна магија, а Вие?


САД- Мараја Кери знае „овој Божиќ сите ние може да искористиме малку магија“.

Па, сè уште не е баш на 25 декември, но Кери и Епл ТВ Плус веќе испратија новогодишна магија, објавувајќи трејлер за нивната претстојна специјална соработка, „Магичниот Божиќен специјал на Мараја Кери“.

Божикниот специјал на поп-ѕвездата започнува со комичарката Тифани Хадиш кој седи во пријатна фотелја крај камин, отвора голема црвена книга и подготвена да и каже на публиката „одлична приказна“: Страниците се превртуваат и одеднаш се наоѓаме во анимирана зимска земја на чудата со нејзината нарација која вели: „Дедо Мраз реши сезоната да не биде весела без единствената Мараја Кери“.

Со саундтрак на хит-песната број 1 на Кери, „All I Want For Christmas Is You“, во трејлерот се гледа како таа настапува во голем број празнични ансамбли на сетови инспирирани од зимската земја на чудата. Гости во божикниот специјал се и Снуп Дог, Џенифер Хадсон и Аријана Гранде, и нејзините деца. Хадсон и Гранде ќе ја изведат „Ох Дедо Мраз!“ со Кери, и ќе биде објавено ново музичко видео .

Кери неодамна напиша за својата љубов кон Божиќ во нејзините неодамнешни мемоари „The Meaning of Mariah Carey“, објавени во септември. Верзијата во живо (на Токиската купола) на „All I Want For Christmas Is You“, исто така, се наоѓа на нејзиниот последен албум  “The Rarities, објавен во октомври.