Што бараше Бој Џорџ на Евросонг?


Виена – Музичката икона од 80-тите и фронтмен на бендот „Калчр Клаб“, познат по хитовите „Do You Really Want To Hurt Me“ и „Karma Chameleon“, синоќа,  настапи како гостин за претставничката на Сан Марино, Сенит.

Бој Џорџ беше на сцената 46,42 секунди, а ќе пее само околу 15 секунди. Тој се појави за време на 13-от настап на вечерта, па затоа фановите на Евровизија можеа многу лесно да го пропуштат ако трепнат. За жал. Сан Марино, синоќа, не се пласира во десетте финалисти кои ќе настапат на големото финале в сабота, на 16 мај. 

И покрај краткото појавување, Бој Џорџ не го крие своето возбудување.

„Едноставно е лудо да се биде дел од Евровизија. Обожавателите на Евровизија се неверојатно страствени, тие навистина го сакаат ова натпреварување и веднаш ме прифатија со раширени раце“, рече тој.

Песната „Superstar“, која ја изведува со Сенит, според него, носи порака што ѝ е потребна на Европа.

„Малку радост и малку фанк – тоа е токму она што ни треба во моментов“, рече Бој Џорџ.

Иако Сан Марино не беше највисоко рангираниот тим во обложувалниците, а шансите за пласман во финалето се проценуваа на околу 21 процент, музичарот не беше загрижен.

„Без оглед на исходот, ова е навистина прекрасно искуство за мене“, рече тој.