Лорен и Дејвид Лорен го добија третиот син
САД– Лорен и Дејвид Лорен го поздравија својот трет син.
Наречен Роберт Роки Лорен, тој е роден во саботата во Њујорк. И мајката и бебето се чувствуваат добро.
Според објавата на Дејвид Лорен на Инстаграм, тие одлучија да го наречат Роки „како ода на прекрасните Карпести планини каде што се венчавме, место што двајцата го посетувавме растејќи и во чест на мојот омилен филмски лик“
Дејвид Лорен, кој е главен директор за иновации и бренд во модната куќа Ралф Лорен и Лорен Буш Лорен, поранешна манекенка и дизајнерка, а сега главен извршен директор и основач на FEED Projects и внука на 43. американски претседател Џорџ В. Буш, се венчаа во 2011 година.
Дејвид Лорен истакна дека нивните двајца постари сина, Џејмс, 5 и Макс, 3, едвај чекаат а го запознаат своето братче. (WWD)