Културната елита на концертот на „Дјуран Дјуран“: Магична вечер во Скопје (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Скопје вечерва заличи на светска метропола. И со убавата публика од сите сфери на живеење и со светскиот настап на „Дјуран Дјуран“ која уште ги полни салите. Скопје и фановите од регионот вечерва ги видоа и ги слушнаа во живо идолите од 80-тите години, кои допатуваа од Софија со приватен авион со нивните сопруги и блиски пријатели. Нивната екипа во главниот град пристигна со тим од околу 90 луѓе, девет големи шлепери со опрема, и шест автобуси. Беше дозволено фотографирање само на првите три песни, без блиц.

Дина Јашари и нејзиниот бенд беа вистинско загревање пред настапот на британската поп-сензација, како едно од највозбудливите и најавтентични имиња на новата македонска музичка сцена.

Фото: Б. Грданоски

На професионалната сцена во “Борис Трајковски“, со комплетна нивна продукција, која значи совршен звук, видео бим и светла, публиката од сите генерации ги пееше безвременските хитови „Rio“, „Save A Prayer“, „Ordinary World“, „Come Undone“…, со славниот бенд во еден глас. Атмосферата беше магична, (фотографиите раскажуваат повеќе од зборови), настапот до даска професионален, почна точно во 22 часот, а заврши еден час и пол подоцна, без бис.

Фото: Б. Грданоски

„Дјуран Дјуран“ имаше енергичен настап, со пораки за мир и љубов. Членовите на групата и придружните вокали започнаа со светкава облека и сако,  а завршија со маици со пораки. Организацијата на „Авалон“ работеше како швајцарски часовник, од брзото влегување во Арената до мирното излегување по концертот. Обезбедувањето беше на ниво, послужувањето исто така, публиката, како и секогаш (не) дисциплинирана. Во еден момент, пејачот Сајмон Ле Бон кој беше мошне шармантен, побара ѕвездено небо во салата, и глетката беше магична. И за нив, и за нас. Меѓу другото, „Дјуран Дјуран“ отсекогаш биле бенд кој знае и сака да ужива во секој момент од своите турнеи. Скопје, не беше исклучок. За наша среќа. До следниот концерт од светски калибар. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фто: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски