Комичарот Адам Сендлер е најпребарувана личност за стил во 2021


САД- Според извештајот на „Google Year in Search“ за 2021 година, кој ги собира врвните трендовски пребарувања за годината низ категориите, вклучително и вести, забава, спорт и повеќе – Адам Сендлер е А-листер чиишто појавувања навистина не можеше да изостанат од гуглање.

55-годишниот крал на комедијата се најде на врвот во категоријата „аутфити на славните личности“ оваа година, пред повеќе очекувани имиња како Бритни Спирс која е на второто место, Хари Стајлс на шестото и Лизо на деветото.

Но, неговото целосно непочитување на трендовите и посветеноста на удобноста го прави неговиот изглед. Во морето од познати фраери кои им плаќаат на стилистите да ги облечат во идентични костуми, Сендлер секогаш изгледа баш како самиот себе – па токму тоа е поим кој вреди да е изгуглан.