Ќе се постават камери на сите детски и спортски игралишта во Бутел


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека е започна целосна реконструкција на сите детски и спортски игралишта на територијата на општината.

Според него, ќе бидат санирани сите оштетени и неупотребливи делови, со цел игралиштата повторно да бидат безбедни и функционални за најмладите и за сите рекреативци.

„Детските и спортските игралишта се наша заедничка грижа и мораме да ги чуваме. Тоа се места каде што растат генерации, се создаваат пријателства и незаборавни спомени“, порача Костовски.

Тој најави дека во наредниот период ќе биде поставена и видеоопрема за мониторинг и надзор на сите игралишта и паркови, со цел да се спречи нивното оштетување и да се зголеми безбедноста.

Костовски додаде дека Општина Бутел ќе продолжи со изградба на нови детски и спортски игралишта и упати апел до граѓаните совесно и одговорно да ги користат и да ја чуваат урбаната опрема.