Кјара Најтли е позитивна на Ковид
Англија- Кјара Најтли (36) се опоравува од Ковид-19. Актерката, два пати номинирана за Оскар, за време на интервјуто за списанието Стела на Телеграф откри дека таа и нејзиното семејство моментално се во карантин откако се заразиле со коронавирус. „Имам Ковид и се чувствувам прилично лошо“, рече Најтли.
Таа објасни дека нејзините ќерки Еди (6) и Далила (2) закрепнуваат побрзо од неа, додека нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон (38) е асимптоматски. „[Тој] е многу самодоволен за тоа – тој е убеден дека тоа е затоа што тој е еден од оние пливачи во студени води, а јас не сум“, рече актерката.
Најтли, исто така, се отвори за надреалното искуство од снимањето на нејзиниот нов комедија-хорор филм Silent Night, сместен за време на Божиќ во пресрет на еколошката апокалипса. Снимањето започна во Велика Британија во февруари 2020 година, еден месец пред почетокот на пандемијата.
„Снимавме сцени за продавниците како снемува храна во исто време кога вестите стануваа полни со приказни дека целата тоалетна хартија исчезнала“, раскажува таа. „Беше неверојатно чудно за сите.
Најтли претходно се повлече од улогата во оригиналната серија на Apple TV+ The Essex Serpent, наведувајќи ги „семејните причини“ и тековната пандемија.