Шведска: Победникот на изборите, социјалдемократите – не успеа да формира влада


  Андреас Норлен од централно-десничарската партија Умерени беше реизбран за претседател на шведскиот парламент со поддршка од Левата партија, победувајќи ја социјалдемократката Јохана Харалдсон со 200 наспроти 146 гласа. Харалдсон станува прв потпретседател на парламентот. Претходно, лидерката на социјалдемократите, Магдалена Андерсон, се откажа од обидот да формира влада, наведувајќи ја како причина поддршката што Левата […]

Русија драстично го зголемува воениот буџет за следната година


 Русија планира да издвои 17,1 трилиони рубљи, или 202,58 милијарди долари, за одбраната во 2027 година. Според владини документи што ги виде Ројтерс, ова е најголемата сума од почетокот на војната во Украина и околу 27 проценти повеќе од првично планираните 13,5 трилиони рубљи. Документите што ги виде Ројтерс покажуваат дека Кремљ не планира да […]

Барање во ЕУ: Одбиените азиланти или ќе се вратат во своите земји – или ќе завршат во Руанда!


АТИНА — Грција предводи група од пет земји од ЕУ кои се залагаат мигрантите на кои им е одбиено правото да останат во блокот да бидат испратени во земји како Руанда уште од следната година. Грчкиот министер за миграција, Танос Плеврис, во едно интервју изјави дека до првата половина на 2027 година, таканаречената Основна група […]

Секоја трет смртен случај во ЕУ е од болести на срцето и циркулаторниот систем, најмногу во Бугарија, а најмалку во Франција


Брисел – Околу 1,6 милиони луѓе во ЕУ умираат годишно од болести на срцето и циркулаторниот систем, што претставува 32,5 % од сите смртни случаи. Овие болести ги вклучуваат исхемичната срцева болест, хипертензивните и цереброваскуларните болести. Податоците на Евростат покажуваат дека од 244 региони во ЕУ, 108 пријавиле стапки на смртност еднакви или повисоки од просекот […]

Европратениците бараат од ЕК да ги блокира санкциите на САД против МКС


Стразбур – Додека Вашингтон размислува за воведување санкции врз Меѓународниот кривичен суд поради неговото постапување со Израел, пратениците на ЕУ бараат од Европската комисија да им забрани на европските фирми и банки да ги спроведуваат американските санкции. САД презедоа мерки против девет судии и четворица обвинители во судот откако институцијата со седиште во Хаг издаде налог […]

ЕПП бара да се укине правото на азил при „хибридни напади“ со мигранти


Европската народна партија сака да овозможи враќање на мигрантите без поединечна проценка на нивните барања за азил во случаи на „хибридни напади“ од трети земји насочени кон границата на ЕУ – предлог што е контроверзен и веројатно ќе наиде на политичко противење. Европската народна партија (ЕПП) ќе побара суспензија на правото за поднесување барање за […]

Осмоодделенец нападна со нож во словачко училиште, наставничката им подлегна на повредите


Во основното училиште во градот Сташков, во округот Чадца на север од Словачка, утрово ученик од осмо одделение нападнал неколку лица во училишната зграда со нож. Еден наставник е убиен во нападот, додека друг наставник и еден ученик се тешко повредени. Според официјалните информации од Оперативниот центар за итна медицинска помош на Словачка, спасувачките екипи […]

Временски парадокс над Европа: Додека Западот се загрева на 40 степени, воздухот од Сибир пристигнува на Балканот


  Додека во Западна и дел од Централна Европа има вистинска летна топлина што ги руши температурните рекорди, на Балканот, во Грција, Турција и Египет температурите се значително пониски од просекот за крајот на септември и почетокот на октомври. Причината за овој екстремен температурен контраст лежи во специфичниот распоред на системот на воздушен притисок над […]

УНХЦР: Поради намаленото финансирање загрозени се над осум милиони бегалци


Речиси 8,3 милиони бегалци се во опасност поради континуираните драстични намалувања на средствата за поддршка и заштита на бегалците, се наведува во денеска објавениот извештај на УНХЦР. Во документот „Ерозија на заштитата: Човечката цена на недоволното финансирање“ се посочува дека во периодот од 2024 до 2025 година достапните средства се намалиле од 5,2 милијарди долари […]

Рации во 19 европски земји поради сомнеж за измама со мобилни телефони вредна 300 милиони евра


Полицијата спроведе претреси во 19 европски земји поради сомневање за измама поврзана со мобилни телефони продавани преку интернет, што предизвикало штета од околу 300 милиони евра (340 милиони долари), соопштија европските обвинители. Европското јавно обвинителство (ЕППО) тврди дека криминални организации продале повеќе од еден милион користени мобилни телефони тврдејќи дека се нови, се наведува во […]

Аргентина против британскиот нафтен проект кај Фолкландските Острови


Аргентина предушреди дека ќе преземе правни мерки против Обединетото Кралство доколку не биде запрен нафтениот проект во близина на Фолкландските Острови. Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј му даде на Обединетото Кралство рок од две недели да ги стопира работите на проектот „Си Лајон“. „Во спротивно, Аргентина ќе побара од Меѓународниот трибунал за поморско право со седиште […]

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за зголемување на бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници. Указот на Путин доаѓа во момент кога и Москва и Киев трпат сè поголеми загуби во војната во што трае повеќе од четири и пол години. Во указот не е наведена причината за зголемувањето, ниту […]

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш


Прага – Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Прага на протести против деснопопулистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, јави ДПА. Протестот го организираше движењето „Милион моменти за демократијата“, кое ја обвини Владата дека не прави доволно за зајакнување на националната безбедност и за борба против дезинформациите. „Не треба да ја потценуваме опасноста […]

Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД


Данска е уверена дека НАТО ќе одржи силно присуство во Гренланд и поширокиот арктички регион на долг рок по договорот за безбедност со САД потпишан минатата недела, оизјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус. Ова година НАТО започна мисија наречена „Арктик воч“ за да ги засили вежбите и патролите во регионот како дел од напорите […]

Русија го зголемува за 27 отсто воениот буџет за 2027 година


Русија планира да потроши 17,1 билиони рубљи (202,58 милијарди долари) за одбрана во 2027 година, околу 27 проценти повеќе од првично планираните 13,5 билиони рубљи и највисоко од почетокот на војната во Украина во 2022 година, јавија западни медиуми кои имале увид во документите. Вкупните трошоци за одбрана ќе изнесуваат 50 билиони рубљи во следните […]

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи оружје од Соединетите Американски Држави, изјави американскиот амбасадор во Кина, Дејвид Пердју. Пердју потврди во „Фокс њуз сандеј“ дека Трамп отворил можност за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неверојатна продажба, доколку се реализира, би претставувала […]

Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година по преземањето на функцијата


Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру Бејли, денеска објави дека поднесува оставка, малку повеќе од една година откако се приклучи на американската федерална агенција, наведувајќи семејни причини за одлуката. Бејли, републикански сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ја напушти својата позиција како главен обвинител на Мисури за да се приклучи на ФБИ, каде што […]

Британската полиција ослободи петмина осомничени за тероризам


Британската полиција ги ослободи со кауција петте мажи уапсени под сомнение за планирање терористички напад врз воздухопловната база на РАФ Ферфорд, што ја користи и американската војска. Шефот на британската антитерористичка полиција, Лоренс Тејлор, изјави дека ослободувањето на осомничените не значи дека истрагата е завршена. „Тие се уште се под истрага додека разгледуваме повеќе правци […]

ЕУ дискутира за механизам за одговор на руски „хибридни напади“ по модел на НАТО


Европската Унија денеска започна дискусии за создавање сопствен механизам за вонредни состојби, сличен на НАТО, како одговор на „хибридните напади“ за кои се обвинува Москва, објави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Министрите за одбрана на ЕУ во Брисел ја одржаа својата прва дискусија на таа тема по серијата […]

Иранската адвокатка Насрин Сотудеј ја доби наградата за човекови права „Васлав Хавел“ на Советот на Европа


Стразбур – Престижната награда „Вацлав Хавел“ на Советот на Европа денеска и беше доделена на истакнатата иранска адвокатка за човекови права, Насрин Сотудеј, соопшти ова европско тело за човекови права, јави ДПА. „Еден ден, сонцето на слободата ќе засвети и над нашата земја“, изјави Сотудеј во видео-обраќање, бидејќи не можеше лично да присуствува на церемонијата на […]