Секоја трет смртен случај во ЕУ е од болести на срцето и циркулаторниот систем, најмногу во Бугарија, а најмалку во Франција


Брисел – Околу 1,6 милиони луѓе во ЕУ умираат годишно од болести на срцето и циркулаторниот систем, што претставува 32,5 % од сите смртни случаи. Овие болести ги вклучуваат исхемичната срцева болест, хипертензивните и цереброваскуларните болести.

Податоците на Евростат покажуваат дека од 244 региони во ЕУ, 108 пријавиле стапки на смртност еднакви или повисоки од просекот на ЕУ – 313 смртни случаи на 100.000 жители.

Најголема смртност е забележана во Бугарија – околу 67 % и во Романија – меѓу 53 % и 63 % (зависно од регионот). Следуваат Литванија со 53,7 %, Летонија со 52,2 %  и Унгарија и Словачка со по околу 50 %.

Најмала смртност од болести на срцето и циркулаторниот систем, пак, е забележана во Франција – помалку од 20 %.

Ниски вредности, не повисоки од 22,4 %, се забележани и во Данска и Холандија