Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД


Данска е уверена дека НАТО ќе одржи силно присуство во Гренланд и поширокиот арктички регион на долг рок по договорот за безбедност со САД потпишан минатата недела, оизјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус.

Ова година НАТО започна мисија наречена „Арктик воч“ за да ги засили вежбите и патролите во регионот како дел од напорите за ублажување на сериозните тензии во воениот сојуз предизвикани од притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да го стекне Гренланд.

 Брус рече дека Копенхаген се надева дека мисијата „Арктик воч“ ќе продолжи и по оваа и следната година, станувајќи трајна.

На прашањето дали има јасни сигнали од сојузниците на НАТО дека се заинтересирани за такво сценарио, Брус рече: „Досега сме доста уверени дека силното воено присуство во Гренланд – но и во Арктикот – ќе продолжи“.

Со договорот, потпишан од Трамп и лидерите на Данска и Гренланд во седиштето на ОН во Њујорк минатата недела, САД градат уште две бази покрај онаа што веќе се наоѓа на полуавтономната данска територија на Арктикот.

Брус рече дека таквата улога би била важна бидејќи топењето на мразот предизвикано од климатските промени отвора арктички морски патишта.

„Растечкиот интерес за Арктикот, вклучително и од Русија, Кина и други земји, го прави императив НАТО да го зајакне своето присуство на Арктикот“, додаде тој.