Двајцата новинари на Ројтерс ослободени од затворот во Мјанмар


Мјанмар– Двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа 500 дена во затворот во Мјанмар за истражување злосторства над муслуманското малцинство, денеска се ослободени. Ва и Кјав се најдоа на списокот од 6.520 затвореници кои ги помилува мјанмарскиот претседател Вин Мјинт. Ова е трето помилување што Вин го потпиша по повод традиционалната Нова година, која во Мјанмар […]

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат


  Во два дена две авионски несреќи, во Москва и во Мексико. Неодамна се урна и етиопски авион. Се поставува прашањето, зошто сѐ почесто се случуваат авионски несреќи? На московскиот аеродром „Шереметјево“, при принудно слетување, се запали „сухој суперџет 100“, на компанијата „Аерофлот“. Загинаа 41 лице, а преживеаја 33 патници и четворица членови на посадата. […]

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација


Повелбата за биолошка разновидност, наречена „Повелба од Мец“, беше усвоена од страна на седумте најразвиени земји  во светот, јави дописникот на МИА. Никој денес не се осмелува да  ја негира важноста на еколошката криза или итноста на климатската ситуација. Министрите на Г-7 за животната средина кои се состанаа во Мец на 5 и 6 мај, […]

Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори


Турција – Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата. И Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија, победник на изборите од 31 март и поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот со соопштенија потврдија […]

Би-Би-Си: Папата Франциск на Балканот во обид да ги помири двете цркви


Англија – Папата Франциск со посетата на Република Северна Македонија и на Бугарија сака да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат сиромашните и бегалците, објави Би-Би-Си на српски јазик. Пред посетата папата изјави дека со доаѓањето во Република Северна Македонија и во Бугарија сака да искаже радост и пријателство, да го охрабри […]

ЕУ со критики поради одлуката за повторување на изборите во Истанбул


Белгија – ЕУ упати критики за одлуката на Врховната изборна комисија на Турција да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и да организира ново гласање на 23 јуни. Во заедничка изјава шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан се нагласува дека тоа решение е спротивно на самата […]

Анкета: Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците


САД- Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп. Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година. Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто. Според анкетата, зголемена поддршка за политиките […]

Нови локални избори во Истанбул


По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за“ и чертири гласа „против“ донесе одлука за одржување нови локални избори во Истанбул. Изборната комисија (YSK) со мнозинство гласови одлучи да го поништи гласањето и да ги […]

Се урна авион во Мексико


Приватен авион „Бомбардер Челинџер 601“ исчезнал од радарот за време на летот над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила, по што се урнал во планинскиот регион над градот. Според првичните информации, во авионот се наоѓале 11 патници и двајца членови на екипажот. Нивната судбина се уште не е позната. Авионот летал од Лас Вегас до […]

Извештај на ОН: Животот на Земјата пред масовно изумирање


Човековите активности во блиска иднина – за само неколку декади, би можеле да предизвикаат изумирање на околу милион видови, предупредува нацрт-извештајот, кој денеска го објави ОН. Ова брзо исчезнување на растенијата и животните сега се нарекува шесто масовно изумирање. Масовни изумирања во минатото секогаш биле предизвикани од катаклизмички настани од големи размери, како удар на […]

Експлозија на цистерна во Нигер, 55 мртви


  Во експлозија на камион цистерна што се случи на неколку стотини километри од меѓународниот аеродром во Ниамеј, престолнината на Нигер, загинаа 55 луѓе. Ова го соопшти порпаролот на министерството за внатрешни работи на таа западноевропска земја. „Билансот на експлозијата е 55 мртви и 36 повредени. Жртвите биле јагленосани“, додаде портпаролот. Камионот се превртел на […]

(ВИДЕО) Нова снимка од трагедијата во Москва: Авионот прво се одби од пистата, па потоа се запали


Откако вчера беа објавени снимки од внатрешноста на авионот, на кои се слушаат врисоци од патниците, денеска е објавена и снимка од безбедносните камери. На снимката се гледа како авионот се обидува да слета, но удира на пистата од која се одбива, а потоа повторно удира на земја, по што задниот дел на леталото почнува […]

Пронајдени касетни бомби и мини од НАТО на аеродромот во Подгорица


На територијата на Голубовачко поле, особено во делот на аеродромот во Подгорица, пронајдени се голем број касетни бомби на НАТО, а според најновиот извештај, до пред 15 дена на аеродромот се најдени и уништени најмалку 28 такви бомби и минско-експлозивни средства. Направите се пронајдени во близина на пожарникарската зграда и летната писта на цивилниот аеродром. […]

„Бомба“ од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот


  Боинг призна дека знаеле за проблемот со авионите 737 Макс една година пред двата авиони да доживеат фатална несреќа, но дека ништо не презеле. Компанијата соопшти дека ненамерно направила аларм кој известува за проблемот со сензорите кои го мерат аголот на летање како дополнителна опција место стандардната, но инсистирале дека тоа не ја загрозува […]

Постигнат договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Палестинците


Израелската армија денеска соопшти дека денеска ги укина ограничувањата воведени поради заштита на жителите во јужниот дел на Израел. Тоа е сигнал дека е постигнат договор за прекин на огнот со палестинските екстремисти во Појасот Газа, со цел да се стави крај на најкрвавиот судир помеѓу двете страни од војната во 2014 година. Но не […]

Евростат: Мнозинство граѓани на Србија живеат во премногу мали станови


Србија – Жителите на Србија живеат во станови со квадратура несоодветна за удобен и конфорен живот, покажува официјалната европска статистика. Според Евростат, т.н. стапка на пренатрупаност во Србија е 57,7 отсто. Тоа значи дека повеќе од половината луѓе во таа држава немаат адекватна големина на просторот во кој живеат. Покра тоа, загрижува и податокот дека Србија […]

Пад на цената на нафтата по заканата на Трамп за Кина


Глобалниот финансиски пазар денеска опадна, откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано го зголеми притисокот врз Кина за да постигне трговски договор во пресрет на преговорите, велејќи дека оваа недела ќе ги зголеми американските тарифи за кинеските производи. Пазарот на акции, поради кои во голема мерка се очекуваше дека двете страни наскоро ќе постигнат трговски договор, […]

Во запалениот руски авион загина 41 човек


  Најмалку две деца се меѓу загинатите 41 патници во рускиот авион кој при полетувањето се запали и принудно слета на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, во неделата. Драматични снимки се појавија на социјалните мрежи од запалениот авион на Аерофлот „сухој суперџет 100“, кој во оган се движеше по пистата. Патниците беа евакуирани додека авионот гореше, […]

Коцијанчиќ: Могерини останува единствен посредник во дијалогот Белград-Приштина


Србија- Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини останува единствен посредник во дијалогот Белград – Приштина, изјави портпаролката на шефицата на европската дипломатија, Маја Коцијанчиќ за „Новости“, по повод најавата дека во целиот процес може активно да се вклучат Германија и Франција. Таа вели дека го поздравува секој ангажман во поддршката […]

Шри Ланка: Забрана за користење социјални мрежи поради шпекулации


Владата на Шри Ланка денеска повторно воведе забрана за користење на социјалните мрежи со цел да го спречи ширењето шпекулации по избивањето насилство меѓу групи цивили во Негомбо, северно од главниот град Коломбо, и место каде беше извршен еден од бомбашките напади за време на католичкиот Велигден. Бомбашките напади, кои ги извршија исламски екстремисти врз […]