Четири жртви во пад на воен хеликоптер во Украина
Сите четворица членови на екипаж загинаа во уривање на украински воен хеликоптер МИ-8. Украинските копнени сили соопштија дека леталото се урнало во западниот дел на земјата. Армијата не откри повеќе информации за инцидентот кој се случил вчера доцна попладне.