Без договор за новиот претседател на ЕК


Белгија – Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Maкрон синоќа не успеаја да се договорат за тоа кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија.

Состанокот на шефови на држави и влади на 28 земји од ЕУ беше зад затворени врати без асистенти или мобилни телефони.

Дипломатски извори изјавија дека Меркел била запрепастена со брзото јавно отфрлање на Манфред Вебер, од Макрон кого Берлин го сака за кандидат за позицијата претседател на Европската комисија.

Макрон смета дека соодветни кандидати се и данскиот комесар Маргрет Вестагер, преговарачот за Брегзит Мишел Барние и холандскиот социјалдемократ, Франс Тимерманс.

Шпанија и Шведска, според западни медиуми, го поддржаа Тимерманс, а Ирска и Хрватска – Вебер. Луксембург и Словенија поддршка дале за Маргрет Вестагер.

Лидери на источни земји побарале во распоредување функции да се направи географска рамнотежа. Полска и Унгарија силно се спротивставуваат на Тимерманс, кој како потпретседател на Европската комисија предводеше правна истрага против двете земји.