САД со намери за прекин на обука на турски пилоти заради купувањето руски ПВО системи

(ARKIV) Statsminister Lars Løkke Rasmussen (V) besøger Lithauen hvor han blandt andet ser Danmarks NATO bidrag som er en del af NATO enhanced Forward Presence inden landing på flyvebasen Siauliai ser statsministeren F16 flyve tæt omkring Hercules flyet, mandag den 15. januar 2018. Regeringen vil pumpe forsvarsbudgettet op med 4, 5 milliarder kroner, erfarer Ritzau. Samlet vil det bringe Danmarks Nato-udgifter op på 1, 5 procent af bnp. Det skriver Ritzau, tirsdag den 29. januar 2019.. (Foto: Mads Claus Rasmussen/Ritzau Scanpix)
САД– САД би можеле да ја прекинат обуката на турските пилоти за управување со борбени авиони Ф-35 поради планот на Анкара да купи руски ракетни системи С-400, јавија западни медиуми цитирајќи неименувани извори.

Пилотите се обучуваат во авиобаза во Аризона. Во врска со ова, не е јасно дали ќе мора да ја напуштат државата доколку обуката е прекината или може да останат во базата додека не се донесе конечната одлука.

Претходно Анкара истакна дека нема да се откаже од купувањето на „Триумф”, додека првата испорака се очекува во јули.

Телевизијата Си-Ен-Би-Си повикувајќи се на извори објави дека САД и дале на Турција две недели да го откажат набавувањето на руски противвоздушни системи С-400 во корист на американските системи Патриот. Во спротивен сллучај Вашингтон ќе ја исфрли Турција од програмата на Ф-35 на „Локид Мартин”, ќе воведе санкции и ќе бара реакција на НАТО.
Турција постојано истакнува дека С-400 не претставуваат закана за Ф-35.