(ФОТО/ВИДЕО) Маж се запали во близина на Белата куќа


Неидентификуван маж се запали пред минувачите во паркот Елипс во Вашингтон, недалеку од Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Од противпожарната служба на Вашингтон потврдија за „Си-Ен-Би-Си“ дека од паркот Елипс е доведен еден пациент со изгореници.

Портпаролот на Тајната служба на САД Џефри Адамс истакна дека обезбедувањето на Белата куќа „реагирало во секундата“.

Според зборовите на Адамс, мажот е пренесен во болница и официјалните лица се уште немаат информации за неговата здравствена состојба.

Портпаролот на Белата куќа Хоган Гидл изјави дека засега не сака да го коментира настанот.

Парлот Елипс се наоѓа јужно од Белата куќа, во срцето на Вашингтон.

https://twitter.com/MariettaDaviz/status/1133787728976502790

https://twitter.com/KrisjanBerzins/status/1133776514175197185