Четири жртви во пад на воен хеликоптер во Украина

Сите четворица членови на екипаж загинаа во уривање на украински воен хеликоптер МИ-8.

Украинските копнени сили соопштија дека леталото се урнало во западниот дел на земјата.

Армијата не откри повеќе информации за инцидентот кој се случил вчера доцна попладне.