Макрон: Две жени и двајца мажи на челните позиции во ЕУ

Белгија – Францускиот претседател Емануел Макрон  изјави дека тој се залага Европската унија во наредните пет години да ја предводат две жени и двајца мажи со силни личности, но не сакаше да ги открие имињата на своите фаворити за тие позиции.

– За мене е клучно луѓето на најчувствителните позиции да го делат нашиот проект и да бидат најхаризматични, најкреативни и најкомпетентни, рече Макрон по неформалната вечера на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека му е важно да постои родова рамноправност и оти затоа сака да се именуваат две жени и двајца мажи.

– Сакам да се обединиме. Ако секој остане цврсто за некои имиња, ќе бидеме блокирани, рече Макрон.