Добри вести од Италија: Се помалку во болница и новозаразени


  Од Италија денеска стигнуваат добри вести. Од 44.935 тестови кои се направени во последните 24 часа, само 1.389 се позитивни на корона вирус, што е благ пад за разлика од вчера, кога беа забележани 1.665 новозаразени. „Ла република“ пишува дека во последните 24 часа забележан е пад на оние во болница и луѓето кои […]

Гутереш: Медиумите се противотров за дезинформациите за пандемијата


Во видео-порака по повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 мај, генералниот сектерат на ОН, Антонио Гутереш, ја истакна клучната улога која ја играат медиумите за луѓето да ги добијат информациите битни за носењето одлуки, бидејќи таквите одлуки, како што кажа, во актуелните околности ја прават разликата меѓу животот и смртта. „Како што се […]

Во Виена тестирање на аеродром место карантин


Аеродромот во Виена од утре ќе понуди тестирање на новиот коронавирус за да им овозможи на патниците кои пристигнуваат во Австрија да избегнат 14-дневен карантин. Патниците ќе имаат на располагање молекуларно биолошки или ПЦР тест на Ковид-19 на виенскиот аеродром, чиј резултат ќе биде готов за два до три часа. – Патувањето со авион, без […]

Папата Франциск: Вакцината мора да биде достапна до сите


Папата Франциск им се заблагодари на сите во светот што се во карантин во неделната проповед, што се емитуваше од папската библиотека наместо од плоштадот „Свети Петар“.Тој повика на меѓународна соработка, така што светот би можел да се бори против коронавирусот, кој досега зарази речиси 3,5 милиони луѓе и уби повеќе од 240.000. „Всушност, за […]

Во Шпанија се намалува бројот на починати од ковид-19


Шпанија денеска бележи најмал број на смртни случаи од коронавирус од 18 март. Во последните 24 часа од ковид-19 починале 164 лица, зголемувајќи го бројот на починати во таа земја на 25.264. Дополнителни 884 лица се заразиле и сега има 217.466 случаи на инфекција со ковид-19 во Шпанија, пренесува ДВ. Вчера, како дел од мерката […]

Научниците предвидуваат три можни сценарија за корона вирусот


  Научниците предвидуваат дека постојат три можни сценарија за ковид-19 во иднина: појава на мини-бранови на епидемија, второто сценарио е уште поголем бран на епидемија од овој и константна криза, пренесе американскиот портал Стат њуз. Овие прогнози се резултат на истражувања кои ги спроведоа епидемиологот Мајкл Остерхолм и соработниците од Универзитетот во Минесота. Според првото […]

Датумот за излегување од изолацијата во Франција под прашалник


Министерот за здравство Оливие Веран уверува дека  мерката за излегување од изолацијата ќе стапи на сила ако се намали бројот на пациенти и ако ограничувачките мерки се почитуваат до крај. -Ако ограничувачките мерки се почитуваат до крај …ќе можеме постепено да излегуваме од изолацијата  под најдобри услови. Во спротивно, и ако бројот на нови пациенти […]

Синот на Борис Џонсон доби име по докторите кои го лекуваа


Борис Џонсон и неговата вереница, Кери Симондс својот син го крстија Вилфред Лори Лукас, пренесува Би-Би-Си. На својот Инстаграм профил, Кери напиша дека таа и Борис го одбрале ова име за да искажат почит кон своите дедовци, но и кон двајца доктори кои се грижеле за премиерот додека лежеше во болница поради коронавирусот. Таа исто […]

Рекорден скок на заразени во Русија – за еден ден повеќе од 10.000


  Во Русија во последните 24 часа забележан е рекорден скок на новозаболени, а земјата изби на шесто место по заболени од ковид-19. Бројот на заразени порасна за 10.633, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата, така што вкупниот број заразени сега изнесува 134.687, соопшти денеска кризниот штаб. Со ова Русија ја претекна […]

Грција денеска го „трча“ последниот километар од 42-дневниот маратон


Грција денеска го „трча“ последниот километар од 42-дневниот маратон на рестриктивни мерки, а од утре, се укинува забраната за движењето на граѓаните и Грците ќе почнат полека и постепено да се прилагодуваат на новото секојдневие, кое носи и одредени правила, упатства и препораки, јави дописничката на МИА од Атина. Од  „остануваме дома“, мотото во текот […]

Германски министер: Прво вирусот да „оди“ на одмор, па ние


Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер верува дека патувањата меѓу Германија и Австрија не треба да се дозволат премногу брзо. „Додека вирусот не замине на одмор, ние исто така мора да ги ограничиме на нашите планови за патување, иако желбите на граѓаните и туризмот се разбирливи“, рече Зехофер за „Билд“. Тој нагласи дека вакцината […]

Тасиос: Никој не знае кога ќе се оди на одмор во Грција


Никој не знае кога оваа година ќе заминеме на одмор, таква е реалноста, пред сѐ потребни се здравствени критериуми и протоколи за работа, вели претседателот на Грчката федерација на хотелиери, Григорис Тасиос. Тој објаснува дека сѐ уште е рано да се каже кога конкретно и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција. -Никој не знае […]

Истрага за смртта на најмладата жртва од корона вирус во Романија


  Министерката за здравство на Романија Нелу Татару, потврди дека дваесетгодишна девојка е најмладата жртва на ковид-19 во таа земја. Најави дека министерството за здравство покрена истрага за тој случај. „Пациентката, покрај тоа што беше гојазна, беше и ментално зостаната. Останува истрагата да покаже дали починала поради инфекцијата или затоа што е лекувана погрешно, или […]

Филипче до медиумите: Вие сте на висината на задачата


Министерот за здравство Венко Филипче денеска по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите упати благодарност до новинарите и медиумските работници за нивниот влог во справувањето со борбата со Ковид 19. – Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот кој го промени животот на милиони луѓе ширум светот, бевме уверени дека само точна, […]

И Германците губат нерви со мерките поради пандемијата


Неколку протести се одржаа во Германија против ограничувањата наметнати од властите во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Најголемиот протест се одржа во Штутгарт, каде, според организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани. Организаторот , ИТ претприемачот Микаел Балвег, рече дека граѓаните излегле на протест да се спротивставуваат на ограничувањата на основните граѓански права како […]

Американски медиуми: Корона вирусот се шири низ затворите во САД


Корона вирусот го загрозува затворскиот систем во САД, а во некои затвори речиси сите затвореници се заразени, оставајќи ги затворските администрации и вработените позитивни за коронавирусот  пред невозможна мисија за заштита на здравјето на затворениците, јавија американски медиуми. Затворот Мерион во Охајо има највисока стапка на зараза во американскиот затворски систем при што корона вирусот […]

Се појави Ким и веднаш пукотници на границата меѓу Северна и Јужна Кореја


Војските на Северна и Јужна Кореја утрово отворија оган од огнено оружје на границата. Се подигнуваат тензиите ден откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавност по речиси три недели. Инцидентот се случил кога од севернокорејска страна биле испалени повеќе куршуми кон граничниот пункт на Јужна Кореја, а од југот одговориле се две […]

Патниците во возовите „Евростар“ ќе мора да носат заштитни маски


Патниците на Евростар (Eurostar) ќе треба да носат заштитни маски од следната недела, како дел од мерките за заштита од новиот коронавирус. „Од 4 мај патниците ќе треба да носат маски на станиците и во нашите возови, како што тоа го бараат француската и белгиската влада“, соопшти компанијата на својата веб-страница. Возовите на Еуростар продолжуваат […]

Суд во Бразил му даде рок на Болсонаро да ги објави резултатите од тестот за Ковид-19


Федерален суд синоќа му даде петдневен рок на претседателот на државата Жаир Болсонаро да ги претстави резултатите од  анализите за коронавирусот. Претседателот на судот ја одбил апелативната жалба за заштита на претседателот, тврдејќи дека таквото барање е незаконско. Болсонаро има рок од четврток да ги открие информациите што судот ги бара од него. Тој двапати […]

Борис Џонсон: Лекарите се подготвуваа да ме прогласат за мртов


Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека лекарите се подготвувале да прогласат негова смрт кога му се влошила состојбата додека минатиот месец на интензивна нега се бореше против коронавирусот.Тој исто така рече дека добил „литри и литри кислород“ за да остане жив. „Беше тежок момент, нема да одречам. Бев свесен дека се подготвува план за вонредна […]