Добри вести од Италија: Се помалку во болница и новозаразени


 

Од Италија денеска стигнуваат добри вести. Од 44.935 тестови кои се направени во последните 24 часа, само 1.389 се позитивни на корона вирус, што е благ пад за разлика од вчера, кога беа забележани 1.665 новозаразени.

„Ла република“ пишува дека во последните 24 часа забележан е пад на оние во болница и луѓето кои се во изолација, како и намалување на бројот на заразени, додека расте бројот на оние кои оздравеле.

Последните податоци на Цивилната заштита зборуваат дела во последните 24 часа починале 174 лица, а вкупно 28.884. Последните податоци за бројот на нови смртни случаи велат дека конечно се намали бројот по неколку седмици.

Од вчера за 1.740 се зголеми бројот на оздравените, па до сега оздравеле 81.564.

На интензивна нега денеска се 1.501 пациент, што е за 38 помалку од вчера. Во моментот во болница има 17.242, што е за 115 помалку од вчера. А намален е и бројот на луѓе на домашно лекување за 372 и изнесува 81.436.

Вкупниот број заразени од корона вирус во Италија од почетокот на пандемијата изнесува 210.717.

Италијанците ги одбројуваат часовите до враќање на личните слободи по два месеци рестриктивни мерки.