Научниците предвидуваат три можни сценарија за корона вирусот


 

Научниците предвидуваат дека постојат три можни сценарија за ковид-19 во иднина: појава на мини-бранови на епидемија, второто сценарио е уште поголем бран на епидемија од овој и константна криза, пренесе американскиот портал Стат њуз.

Овие прогнози се резултат на истражувања кои ги спроведоа епидемиологот Мајкл Остерхолм и соработниците од Универзитетот во Минесота.

Според првото сценарио, големиот бран на епидемија, кој го живееме од почетокот на годината, ќе биде пропратен со мини-бранови на епидемија, меѓу кои нема да има новозаразени.

Ваква ситуација може да се одржи во текот на наредните две години, кога би доаѓало до појава и повлекување на мини-брановите на епидемија кои би биле напола помали во пролет, а најизразени во сезоната на грипови.

Тоа значи дека епидемијата може да покаже варијации на сезонски тип, но вирусот нема да биде елиминиран со топлото, влажно време, напоменуваат стручњаците.

Таквото време може да го убие вирусот на површините, но не и да го спречи пренесувањето од човек на човек преку капки.

Според второто сценарио, бранот епидемија на кој присуствуваме, ќе биде проследен со појава на втор, уште поголем бран епидемија, подоцна во текот на оваа година. Тој ќе биде подолготраен и посилен.

Ова сценарио предвидува дека во текот на летото ќе дојде до значителен пад на бројот на случаи кога луѓето ќе се опуштат, поради што новиот бран на епидемија ќе биде уште посилен.

Остерхолм предвидува дека во оваа фаза здравствениот систем ќе биде сериозно загрозен, иако болниците би требало да се подготват за новиот бран епидемија.

Третото сценарио предвидува дека актуелниот бран епидемија ќе створи „нова нормалност“ и дека до крајот на 2022 година континуирано ќе доаѓа до појави на новзаразени во помал обем отколку што тоа го предвидува второто сценарио.

Ќе се појават локални жаришта на зараза, некаде помали, а некаде поголеми, а нивниот обем ќе зависи од различни фактори, како што се капацитетите за тестирање и следење контакти.

Во тој случај најдобро би било спроведување на имунизација на корона вирусот, затоа што во спротивно околу половина од популацијата во светот би се заразила, со или без симптоми.

Потребна е отпорност на целата човечка популација

Иако овие три свенарија многу се разликуваат, заедничко им е тоа дека не предвидуваат враќање на претходната состојба. Заразата нема да исчезне, затоа што луѓето не се имуни на неа.

„Оваа пандемија нема да се смири се додека не постои доволна отпорност во човештвото“, нешто повеќе од 50 отсто, вели епидемиологот Габриел Леунг од Универзитетот во Хонконг.

Остерхолм предвидува дека светската популација во моментот е далеку од ова ниво на отпорност на вирусот и дека во моментот не повеќе од пет отсто луѓе се имуни на вирусот затоа што биле заразени.

Затоа вирусот ќе продолжи да се шири уште долго.

Редуцирање на инфекцијата на нула не е можно, вели Леунг, и губитоците се неминовни, а секоја земја ќе мора да одреди што е голем губиток за неа и во согласност со тоа да преземе адекватни мерки.