Синот на Борис Џонсон доби име по докторите кои го лекуваа

LONDON, March 10, 2020 -- British Prime Minister Boris Johnson R and his partner Carrie Symonds leave the Westminster Abbey after attending the annual Commonwealth Service on Commonwealth Day in London, Britain, March 9, 2020. (Photo by Ray Tang/Xinhua via Getty) (Xinhua/Han Yan via Getty Images)

Борис Џонсон и неговата вереница, Кери Симондс својот син го крстија Вилфред Лори Лукас, пренесува Би-Би-Си.

На својот Инстаграм профил, Кери напиша дека таа и Борис го одбрале ова име за да искажат почит кон своите дедовци, но и кон двајца доктори кои се грижеле за премиерот додека лежеше во болница поради коронавирусот.

Таа исто така им се заблагодари на вработените во Универзитетската болница во Лондон, кадешто се породи.

Вилфред е името на дедото на Борис, Лори на дедото на Кери, а Николас е името кои му го дале по Ник Прајс и Ник Харт, двајца доктори кои му го спасија животот на премиерот минатиот месец.

Симондс се породи само неколку недели откако Џонсон беше отпуштен од одделението за интензивна нега.

Тврди дека премиерот присуствувал на породувањето, но оти подоцна се вратил на работа. Тој би требало оваа година да земе краток одмор од работата за да му се посвети на детето.