Суд во Бразил му даде рок на Болсонаро да ги објави резултатите од тестот за Ковид-19


Федерален суд синоќа му даде петдневен рок на претседателот на државата Жаир Болсонаро да ги претстави резултатите од  анализите за коронавирусот.

Претседателот на судот ја одбил апелативната жалба за заштита на претседателот, тврдејќи дека таквото барање е незаконско. Болсонаро има рок од четврток да ги открие информациите што судот ги бара од него.

Тој двапати правеше такви тестови откако беа заразени претставници на неговата администрација и министри. Тој рече дека двата теста се негативни.

Во Бразил има 96,5 илјади случаи на заразени, а 6.750 починати.