Истрага за смртта на најмладата жртва од корона вирус во Романија


 

Министерката за здравство на Романија Нелу Татару, потврди дека дваесетгодишна девојка е најмладата жртва на ковид-19 во таа земја.

Најави дека министерството за здравство покрена истрага за тој случај.

„Пациентката, покрај тоа што беше гојазна, беше и ментално зостаната. Останува истрагата да покаже дали починала поради инфекцијата или затоа што е лекувана погрешно, или медицинска нега ѝ е укажана предоцна“, рече Татару и додаде дека секој случај треба поединчено да се процени.

Во Романија, каде починаа 771 лице и стана земја со најмногу смртни слуаи според бројот на жители во регионот, регистриани се речиси 13.000 заразени.