Папата Франциск: Вакцината мора да биде достапна до сите


Фото: Б. Грданоски

Папата Франциск им се заблагодари на сите во светот што се во карантин во неделната проповед, што се емитуваше од папската библиотека наместо од плоштадот „Свети Петар“.Тој повика на меѓународна соработка, така што светот би можел да се бори против коронавирусот, кој досега зарази речиси 3,5 милиони луѓе и уби повеќе од 240.000.

„Всушност, за нас е важно да го обединиме научниот капацитет, да пронајдеме вакцини и лекови на транспарентен и непристрасен начин“, рече Папата.

Папата рече дека е исто така важно „да се гарантира универзален пристап до потребните технологии кои му овозможуваат на секое заразено лице, во секој дел на светот, да го добие потребниот третман“.

Светските лидери се заложија во април да ја забрзаат работата на covid-19 тестовите, лековите и вакцините и да го споделат знаењето и достигнувањата, но САД не учествува во иницијатива покрената од Светската здравствена организација (СЗО).

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини СЗО дека неправилно реагирала на кризата и дека е премногу блиска со Кина и ги прекина донациите за СЗО.

Повеќе фармацевтски компании ширум светот развија тестови за антитела.

Администрацијата на Трамп планира да го забрза развојот на вакцина против коронавирусот со цел создавање на 100 милиони вакцини до крајот на 2020 година, според висок функционер во американската администрација.

Многу експерти тврдат дека потребни се минимум 12-18 месеци за да се развие безбедна и ефикасна вакцина.

Денеска, Папата го одобри предлогот за меѓурелигиски дијалог, тело наречено ,,Висок комитет за човечко братство’, повикувајќи на меѓународен ден на молитва и пост на 14 мај за пандемијата на коронавирус.