Италија: Девет случаи на повторно заразување со ковид-19


Девет случаи на „вратен“ корона вирус се регистрирани во Италија, објави дневниот весник „Република“. Станува збор за пациенти кои биле отпуштени од болници со негативен резултат по третманот и кои подоцна се разболеле повторно со Ковид-19 или имале поблаги симптоми на зараза. Оние со поблаги симптоми се лекуваат дома преку видео надзор од страна на […]

Дуња Мијатовиќ: Слободното и квалитетно новинарство е предност на демократијата


Франција- Во пресрет на 3 мај, Светскиот ден на слободата на печатот, највисоките претставници на Советот на Европа го истакнуваат значењето на слободата на изразување и на печатот посебно во актуелниот контекст со пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА. -Слободното и квалитетно новинарство е предност на демократијата. Пандемијата со Ковид -19 нè потсетува на […]

Италија отвора два аеродрома по два месеца


Италија најави дека следната седмица го отвора аеродромот „Чампино“ во Рим и „Перетола“ во Фиренца, кои беа затоврени поради пандемијата со корона вирус. Двата аеродрома беа затворени од 13 март, а повторно ќе се отворат на 4 мај за патнички сообраќај, соопшти италијанското министерство за сообраќај. „Чампино“ главно го користат нискотарифни авиокомпании, посебно „Рајанер“, додека […]

„Билд“: Меркел со критики за виролозите во државата


Германската канцеларка Ангела Меркел, во разговор со премиери на покраини, за првпат јасно критикувала германски виролози, особено водечкиот виролог Кристијан Дростен, објави весникот „Билд“. Весникот посочува дека канцеларката зборувала за постојаните промени во ставот на Кристијан Дростен, наведувајќи го како пример неговото барање за затворање на границите. Таа цитирала негова изјава дека федералната полиција повеќе […]

Вирусот се шири низ Африка: Само уште една држава нема пријавено случај


  Коморските Острови го пријавија првиот случај на крона вирус, со што стана 53 од 54 африкански држави каде се појави ковид -19. На африканскиот континент бројот на заразени надмина 37.400, со 1.598 починати. Од сите африкански земји само малото кралство Лесото на југот од континентот за сега нема пријавени случаи од ковид-19, пренесе АП. […]

Светски експерти: Само еден вид е одговорен за коронавирусот – човекот


За да се спречи уништувањето на природата или човештвото, ќе има се повеќе и пострашни пандемии, според некои од најдобрите светски научници. Пандемијата на коронавирус најверојатно ќе биде проследена со уште смртоносни и погубни избувнувања на болести, освен ако нивната примарна причина не е катастрофално уништување на природниот свет треба брзо се преполови, предупредуваат водечките […]

Кина одбива истрага за потеклото на Ковид-19


Кина во повеќе наврати одбила барања на Светската здравствена организација (СЗО) да учествуваат во истрагите за потеклото на Ковид-19, изјави претставникот на СЗО во Кина, Гауден Галеа. – Врз основа на сите достапни докази, колегите од СЗО во нашиот систем се убедени дека вирусот потекнува од Вухан и е природен, не произведен вирус“, нагласи тој. […]

Само за едно деноноќие 30.000 новозаразени во САД од Ковид-19


Во САД повеќе од еден милион луѓе во моментот се заразени со новиот коронавирус, а 63.006 починале.Институтот Џонс Хопкинс соопшти дека во изминатите 24 часа имало 29.515 нови случаи заразени со Ковид-19 и 2.040 смртни случаи. Бидејќи сојузните држави ќе почнат да ги вклучуваат во статистиката и оние кои „најверојатно починале од коронавирусот“, тоа го […]

Трамп видел докази дека Ковид-19 произлегол од кинеска лабораторија


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е убеден дека новиот коронавирус можеби потекнува од кинеска лабораторија, но одби да даде детали за можни докази за тоа. Со тоа, се засилија тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг околу потеклото на вирусот. Трамп изјави дека видел докази што му дале „висок степен на увереност“ дека вирусот потекнува […]

Мицотакис добива пофалби во Грција за справување со корона кризата


Грците долго време страдаа од нестабилност, но одговорот на нивната влада на епидемијата доби поддршка од населението   Солун – Со години наназад, Грција се смета за една од најпроблематичните членки на Европската унија, притисната од финансиска криза, корупција и политичка нестабилност. Но, во кризата корона вирусот, земјата се појави како добредојдено изненадување: епидемијата се […]

Драматично зголемување на бројот на оздравените во Италија


На денот на неговата последна прес-конференција за презентирање на дневниот билтен, шефот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, соопшти дека кривата на епидемијата повторно опадна под две илјади, со 1.872 нови случаи во последните 24 часа. Но, она што е најважно е дека бројот на мртвите продолжува да паѓа. Денес бројката е 285, а […]

Чекирањето на аеродромите може да трае и до четири часа?


Откако ќе се укине карантинот, ќе се отворат границите и авионите повторно ќе почнат да летаат, чекирањето на аеродромите би можело да трае и до четири часа, предупредуваат стручњаците. Процедурата може да трае толку долго поради медицинските прегледи. Според британски Мирор, патниците би можеле долго да чекаат на чекирање, а се претпоставува дека во следните […]

Меркел: Потребен е систем за предупредување ако повторно почне да расте бројот на заразени


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е потребен систем за предупредување во случај повторно да почне да расте бројот на заразени со новиот коронавирус. Меркел, по состанокот со премиерите на германските покраини, рече дека во интерес на граѓаните е да постои една стратегија за цела Германија и заеднички цели. – Целта е да се […]

Американски разузнавачи: Ковид-19 не се појавил во лабораторија


Американските разузнавачи соопштија дека коронавирусот се појавил во Кина но дека не бил фабрикуван или генетски модифициран, но тие сеуште ја изучуваат теоријата дека пандемијата можеби настанала како резултат на несреќни околности во кинеска лабораторија. Канцеларијата на директорот за Национално разузнавање, од каде се координира мрежата од сите американски шпионски агенции, денеска потврди дека вирусот, […]

Премиерот на Русија позитивен на корона вирус


Премиерот на Руската Федерација Михаил Мишустин е позитивен на корона вирус. Тој го известил претседателот Владимир Путин за својата состојба и ќе оди во самоизолација. За вршител на должност премиер на Русија именуван е првиот потпретседател на Владата Андреј Белоусов. Потсетуваме дека Мишустин стана руски премиер во јануари годинава, а на тоа место го замени […]

Русија: Повеќе од 100.000 заразени, повеќе од илјада починати


Русија пријави повеќе од 100.000 заразени и 1.000 починати, соопшти кризниот штаб за борба против коронавирусот. Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 7.099 нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид-19, што е најголем број на заразени во еден ден до сега. Вкупно се заразени 106.498 луѓе. Растот на бројот на заразени денеска се […]

Ескалација на епидемијата во Шведска


Во последните 24 часа во Шведска се регистрирани 790 новозаразени, со што вкупниот број надмина 21.000. До сега починаа 2.568 лица. Вирологот кој ја предводи опуштената реакција на епидемијата од корона вирус во Шведска призна дека направиле одредени грешки во реагирањето на кризата затоа што денеска земјата забележа речиси рекорден број новозаразени, со оглед на […]

Како се возат Европјаните: Метрополите го редуцираат јавниот превоз


  Епидемиолошката криза попушта во Европа, па владите на земјите го редуцираат и ги прилагодуваат условите за работа во јавниот превоз во обид да ја покренат економијата, пренесе АП. Владите на италија, Франција и Шпанија наредија условите во јавниот транспорт да се ускладат со превентивните мекри за заштита од корона вирусот. Во Милано во автобусите […]

Во Шпанија се смирува епидемијата – денеска 268 починати


За прв пат, три региони во Шпанија немаат пријавено смртни случаи од корона вирус до Министерството за здравство, според податоците што одговараат на среда, 29 април, што беа објавени денеска. Тое се Мурсија – која два дена по ред е без смртни случаи – Кантабрија и Галиција. Севкупно, извештајот покажува дека во последните 24 часа […]

Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори што никогаш не пристигнале


Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори на човек без никаква позадина во работа со медицински материјали, откако тој  му пишал на Твитер на претседателот  Доналд Трамп и работната група за коронавирус во Белата куќа го препорачала како продавач. Респираторите никогаш не пристигнале. На 27 март како што новиот коронавирус започна да се шири низ […]