Инфекциите во Флорида од корона се зголемуваат со ракетна брзина


Улиците на Мајами се полни со луѓе кои не ги почитуваат мерките

Бројот на заразените достигна 90.000, со дневни рекордни инфекции од близу четири илјади. Гувернерот, близок сојузник на Трамп, вели дека Флорида е на „вистинскиот пат“

 

Поминаа седум недели откако гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го направи коронавирусниот „круг на победата“, продолжувајќи со брза програма за повторно отворање, додека ги обвини медиумите дека пишувале за „катастрофа  и мрачност“ што немало врска со реалноста.

„Не видовме експлозија на нови случаи“, инсистираше Десантис за време на прес-конференцијата на 29 април, на денот кога во целата држава бројот на заболени од Ковид-19 се зголеми за 347.

„На крајот од тунелот има светло“, додаде Десантис, црвст сојузник на Трамп.

Оваа недела, сепак, стана јасно дека градината на рози на републиканскиот гувернер брзо се губи пред воскреснатиот вирус.

Период што започна со дневниот рекорд на Флорида со нови случаи под 1.700, забележа осум дена последователно над таа бројка, од кои пет достигнаа 2.000 и во четвртокот и петокот бележат најголем број од сите: 3.207 и 3.822 случаи, што изнесува зголемување за 35 отсто.

Неверојатните бројки предизвикаа експерти во Детската болница во Филаделфија и Универзитетот во Пенсилванија да заклучат дека Флорида ги има „сите обележја на следниот голем епицентар на преносот на корона вирусот“. Ваквата последица би можела да биде значајна во политички чувствителна состојба, бидејќи Доналд Трамп мора да победи во ноември во Флорида за да обезбеди втор мандат како претседател.

„Гувернерот Десантис ја изгуби контролата врз одговорот за Ковид-19 во Флорида“, рече Ники Фрид, комесар за земјоделство и единствен демократ избран во канцеларијата на целата држава, која претходно се пожали дека е исклучена од работната група за враќање во нормала на Десантис.

Порастот на бројките во Флорида, со речиси 90.000 случаи и смртни случаи над 3.000, доаѓа откако поголемиот дел од 67-те окрузи го достигнаа крајот на втората недела од планот за повторно отворање на Десантис.

Плажите, баровите и рестораните, кината и местата за забава се претежно отворени, со построги ограничувања во најтешко погодените окрузи во Мајами-Дејд, Брауард и Палм Бич. „Дизни светот“ ќе ги отвори своите тематски паркови следниот месец.

Десантис, во меѓувреме, тврди дека Флорида е на вистинскиот пат, тврдејќи дека зголемувањето на бројките може да се припише на зголемено тестирање, особено кај помладите жители, и концентрирани џебови кај земјоделски работници, затвореници и дури 52 отсто од позитивните се кај аеродромите работници – неосновано тврдење отфрлено од весникот „Орландо сентинел“. (Гардијан)