Конго: Висок функционер осуден на 20 години затвор


 

Врховниот суд на Конго го осуди денеска на 20 години затвор Витал Камерхе, шеф на кабинетот на претседателот, поради проневера на 48 милиони долари јавни пари.

Тој е највисока политичка личност на кого му се судело во конго за корупција, пренесува Ројтерс

Камерхе го поддржа претседателот Феликс Чисакеди на изборите во 2018 година, а за возврат очекуваше негова поддрѓка за изборите во 2023 година.

Камерхе негира дека присвоил пари наменети за социјална грижа, а неговото апсење на 8 април предизвика шок во владејачката коалиција, но и во целата земја.