Британците размислуваат за промена на правилото за два метра дистанца


 

Британската администрација во наредните денови ќе објави дали го менува правилото за два метра дистанца, изјави денеска министерот за култура, спорт и медиуми, Оливер Доден.

„Посветени сме на тоа да извршиме ревизија на регулативите за дистанца од два метра до метар, што наскоро ќе биде објавено“, рече тој.

Пред седум дена ревизија на ова правило најави и британскиот премиер Борис Џонсон, кој порача дека ќе направи сѐ земјата да се врати во нормала што послоро, но без загрозување животи.

Британија е трета во светот по бројот на починати од вирусот корона, по САД и Бразил.

Џонсон, кој тврди дека неговата администрација ги следи научните совети во решавањето на пандемијата, и мора да најде решение за обнова на економијата без опасност за повторно ескалирање на состојбата со пандемијата.