Шест члена од тимот за реизбор на Трамп позитивни на корона


Скулптура на Трамп близу салата каде што денес треба да се одржи митингот на Трамп во Оклахома

Шест члена на тимот на кампањата за реизбор на претседателот Доналд Трамп, позитивно се тестирани за Ковид-19 пред контроверзниот митинг во Тулса, Оклахома во саботата, соопшти кампањата.

„Шест члена на напредниот тим беа тестирани позитивно од стотици извршени тестови и веднаш беа спроведени карантински процедури“, рече Тим Муртаух, директор за комуникации во кампањата. „Ниту еден вработен позитивен на корона, ниту некој во непосреден контакт, нема да биде на денешниот митинг или близу присутните и избраните функционери“, рече тој.

Трамп планира да собере илјадници приврзаници во Тулса, во обид да ја галванизира својата кампања за реизбор. Оклахома е една од државите што бележи пораст на потврдени случаи на Ковид-19. (Ројтерс)