Цела покраинска Влада на Салцбург на тестирање за Ковид-19


Владата на австриската провинција Салцбург ќе мора да биде тестирана за коронавирусот, откако се утврди дека неколкумина вработени се .позитивни на Ковид-19

Девет лица во Салцбург неодамна беа тестирани позитивно, а меѓу нив има и двајца официјални претставници на провинцијата.

По тестирањето на сите контакти на пациентите, здравствените власти наредија, како превентивна мерка, тестирање на сите вработени и членови на провинциската влада.