Во Бугарија регистрирани нови 81 заразен, во Грција 19


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 81 новозаразени со коронавирусот, од извршени 2.371 тестови, покажуваат податоци од Националниот информативен центар.Во истиот период има 67 излекувани пациенти.

Во Бугарија до сега има вкупно 3.755 случаи на новиот коронавирус, од кои 2.008 се излекувале а 193 луѓе починале.
Според Националниот информативен систем заразата е потврдена кај 341 медицински работници од кои осум се регистрирани во изминатото деноноќие.

На Кипар, пак,веќе петти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, додека пак во Грција има 19 нови случаи.Во изминатите 24 часа,во Грција почина уште едно лице, вкупно 190 од почетокот на епидемијата, а на интензивна нега, приклучени на апарати, хоспитализирани се девет лица.
Во Грција, заразени од новиот коронавирус се 3.256 лица.

Според податоците од Министерството за здравство на Кипар, бројот на позитивни на Ковид-19 остана непроменет на 985 лица.