Најголемото бегство во историјата – се помалку се враќаат во татковината


 

Светскиот ден на бегалцијте 20 јуни се одбележува ритуално. Иако бројките се алармантни – никогаш немало оклу бегалци, а се помалку се враќаат во татковината.

Политиката не презема ништо, пишува новинарот на Дојче веле, Матијас фон Хајн.

Секој стотти жител на светот морал да остави сѐ зад себе, да го земе само најпотребното, затоа што бил принуден да бега. Заради прогон, војна, насилство, или газење на основните човекови права и повеќе од половина се деца.

Тоа се поразителни податоци од Високиот комесаријат на ОН за бегалци УНХЦР, кои се објавени по повод Светскиот ден на бегалците. Како што се наведува во светот има близу 80 милиони бегалци или раселени, речиси 10 милиони повеќе од пред една година и повеќе од кога и да е.

Зад тие броеви не стојат само бескрајно тажни човечки приказни. Тие се и доказ за неуспешната глобална политика.

Меѓународниот систем на ред и правила се руши. Во светот се зголемува трговијата со оружје, што дополнително ги распламтува судирите. Неправедниот економски поредок ги турка луѓето во сиромаштија и истовремено им ги ускратива средствата за живот.

По корона кризата, климатските промени веројатно незапирливо ќе водат кон раст на температурата, што повторно ќе примораат милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Санкциите дополнително ги влошуваат веќе претешките услови. Санкциите целат кон елитата, но ја погодуваат пошироката популација. Според извештаите на ОН, најголем број бегалци доаѓаат од Сирија и од Венецуела. Двете земји се под тешки санкции. САД во средата ги заострија санкциите против Сирија. Во очекување на таквите одлуки, цените драстично се зголемија, дури и во упориштето на бунтовниците, Идлиб. Гладта се шири таму каде веќе подолго нема војна.

Објаснувањето за тоа можеби се крие во детал кој го нагласи Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гренади: веќе со години се намалува бројот на луѓе кои се враќаат во своите земји. Се проценува дека од деведесеттите околу милион и пол луѓе годишно се враќање во своите татковини, а денес тој број е помал од 400.000 годишно.

Светскиот ден на бегалците се одбележува дваесетти пат по ред и УНХЦР повторно го претставува својот годишен извештај. Во меѓувреме, тоа делува како ритуал. Сепак, тоа е важна прилика за вниманието да се насочи кој оние најслабите, на кои итно им е потребна помош, како и акција на политиката.

Во време на корона сите тие проблеми се во втор план. Од ден во ден следиме бројки кои ја илустрираат пандемијата, дискутираме за задолжителното носење маски и правила за растојание. Постигнат е договор за големи програми за оживување на стопанството во индустриските земји.

Тоа покажува што сѐ може да се постигне со одлучна политичка акција. Зошто не е така кога станува збор за бегалците, кои инаку пандемијата многу ги погаѓа?

Во извештајот на ОН јасно се нагласува дека Германија многу направила за бегалците. Со околу 1,1 милион примени бегалци, Германија е на петто место во светот. Но, тоа што во меѓувреме најголемата опозициска партија во Бундестагот е токму Алтернатива за Германија, покажува дека подготвенотста за прифаќање бегалци има граници и го открива политичкиот јаз кои демагозите го продлабочуваат.

Во моментот, помалку бегалци го наоѓаат патот до Германија: во текот на мај, во Германија поднесени се 3.777 барања за азил, а додека во првите пет месеци имало околу 50.000. Тоа во голема мерка е поврзано со затворањето на границите во ЕУ, а посебно поради се повисоките ѕидови на рабовите на европската тврдина, заради кои Средоземното море се претвори во убиствено, а свечените говори на европските вредности звучат смешно.

Повеќе од половината бегалци бараат прибежиште во границите на своите земји. Од оние кои ја напуштаат земјата, три четвртини остануваат во некоја од соседните земји. Така Турција со 3,6 милиони бегалци, пред Колумбија, која е водечка по прифаќање на бегалци во светот. И тоа треба да се поздрави, без оглед на тоа што владата во Анкара бегалците редовно ги злоупотребува за да изврши притисок на Европската Унија.

Европа може и мора многу повеќе да направи за бегалците да бидат подобро згрижени во блзина на својата земја. Според податоците на УНХЦР, 88 отсто од бегалците живеат во региони во кои ситуацијата со прехрана е критична. Ним мора да им се пружи она најважното – перспектива. Тоа ќе чини многу, но е добра инвестиција.