Во Франција 3.325 нови случаи – бројот поголем заради нов начин на броење


Во франција денеска бројот потврдени случаи од корона вирус скокна за 3.325, на 149.071, соопшти Министерството за здравство. Сепак, напоменуваат дека не дошло до драстичен пораст на новозаразени, туку брјките се резултат на нов систем на следење. „Зголемувањето во споредба со вчера е заради поефикасно следење, а не епидемиолошка ситуација во Франција“, се наведува во …

Во Франција 3.325 нови случаи – бројот поголем заради нов начин на броење Read More »

Жителите на Унгарија, Бугарија, Италија, Грција и Шпанија со најмногу финансиски проблеми за време на пандемијата


Дури 58 проценти од анкетираните граѓани од Европската унија велат дека имале финансиски потешкотии за време на епидемијата со Ковид-19. Жителите на Унгарија, Бугарија, Италија, Грција и Шпанија најмногу пријавиле финансиски проблеми, додека Данците, Холанѓаните, Швеѓаните, Финците и Австријците доживеале најмалку проблеми за време на пандемијата, според истражување на Европскиот парламент. Анкетата на Европскиот парламент …

Жителите на Унгарија, Бугарија, Италија, Грција и Шпанија со најмногу финансиски проблеми за време на пандемијата Read More »

Како корона вирусот го натера „Твитер“ да ги провери твитовите на Трамп


Компанијата ги применува научените лекции за спротивставување на твитовите што можат да го загрозат здравјето на луѓето   Тоа беше пандемијата, наведува „Твитер“, што ја ослободи компанијата да приложи предупредувања за проверка на факти за два твита на претседателот на САД Доналд Трамп оваа недела. Критичарите со години се жалат дека „Твитер“ му дозволува на …

Како корона вирусот го натера „Твитер“ да ги провери твитовите на Трамп Read More »

Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација


Франција од  2 јуни ќе излезе од строгата изолација, која започна на 17 март, јави  дописникот на МИА. Сите училишта и гимназии во зелените зони ќе бидат отворени за учениците, но полагањето на матурата по француски јазик е откажана, како и усниот испит, таа ќе биде валидирана преку постојаната контрола во текот на минатата школската …

Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација Read More »

Како функционираат и колку се значајни тестовите на антитела?


Во Русија и во Италија, но и во други земји здравствените власти имаат намера со масовни тестирања на антитела да го утврдат вистинскиот број луѓе кои биле заразени со корона вирус. Како функционираат тие тестови и колку се значајни? Покрај тоа што во Русија со недели владеат строги мерки заради корона вирусот, бројот на нови …

Како функционираат и колку се значајни тестовите на антитела? Read More »

Короната уби повеќе Американци од Виетнам и другите војни


  Без разлика дали е изразен во долари, проценти или, најтрагично, број на изгубени човечки животи, неверојатен е билансот на разорната пандемија на новиот коронавирус во САД, се вели во анализата на Си-Ен-Ен. Бидејќи првиот смртенслучај беше пријавен во САД во февруари, Ковид-19 уби најмалку 100.000 луѓе, според податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, во просек има …

Короната уби повеќе Американци од Виетнам и другите војни Read More »

БиХ ги отвора границите за граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора


 Советот на министри на БиХ одлучи да ги отвори границите на државата кон Србија, Хрватска и Црна Гора, а од 1 јуни и аеродромите во БиХ. Претседателот Зоран Тегелтија најави дека одлуката се однесува само на влез на граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора и со оглед дека епидемиолошката состојба во регионот во последниве …

БиХ ги отвора границите за граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора Read More »

СЗО: Владите во Европа не треба да ги намалуваат трошоците за здравство


Економска криза во Европа – последица од пандемијата на новиот коронавирус – не треба да ги присилува владите да ги намалат јавните трошоци за здравството, предупреди денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација. – Загрижени сме дека земјите можат да одговорат на кризата на ист начин како што направија пред десет години – со намалување …

СЗО: Владите во Европа не треба да ги намалуваат трошоците за здравство Read More »

Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза


Денеска повторно се активирани низа рестриктивни мерки за борба против корона вирсуот во Јужна Кореа откако се појави жариште на зараза, што предизвика страв од нов бран епидемија. Во земјата денеска е регистриран најголем пораст на новозаразени од корона вирус по речиси два месеци, со жариште во еден магацин на компанија за интернет-продажба во близина …

Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза Read More »

Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон следниот месец ќе отпатува за Брисел, каде ќе ги продолжи преговорите за Брегзит, објави лондонскиот весник Тајмс. Британскиот преговарач за односите со ЕУ, Дејвид Фрост изјави дека Џонсон ќе се сретне со претседателите на Европска комисија и со Советот на ЕУ, со цел официјално да се процени сосотојбата во која се …

Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит Read More »

Туристите ќе можат да ја посетат Ибица само со сертификат „Ковид-19 фри“


Ибица – Туристите кои ќе сакаат да ја посетат Ибица, ќе мора да имаат „Ковид-19 фри сертификат“, за да докажат дека не се инфицирани, изјави денеска претседателот на Советот на островот, Винсент Мари. Мари додаде дека овие сертификати ќе бидат основен дел од континуираната борба на Шпанија против новиот коронавирус ова лето, кога ќе почне сезоната …

Туристите ќе можат да ја посетат Ибица само со сертификат „Ковид-19 фри“ Read More »

Кинескиот Парламент го усвои спорниот закон за Хонг Конг


Националниот народен конгрес на Кина денеска го изгласа Законот за национална безбедност, според кој поткопувањето на авторитетот на Пекинг во полуавтономната територија Хонг Конг е злосторство. За предлог законот гласаа 2.878 пратеници , еден се изјасни „против“, а шестмина се воздржаа од гласање. Со предлог законот се криминлизира сецесијата, субверзијата, тероризмот и странското мешање во …

Кинескиот Парламент го усвои спорниот закон за Хонг Конг Read More »

Кои земји во ЕУ отвораат граници и кога?


Со попуштање на мерките воведени поради пандемијата корона вирус, земјите на ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде може да се оди на одмор. Грчките граници повторно ќе се отворат на 15 јуни, но само за граѓаните од Германија, Кипар, Израел, Балканот и балтичките земји. На туристите ќе им биде …

Кои земји во ЕУ отвораат граници и кога? Read More »

Солзавец, пластични куршуми и чадни бомби на демонстрациите во Минеаполис


Полиција и демонстранти во Минеаполис се судрија втора вечер по ред за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот при полициско приведување. Дел од полицијата, која беше распоредена на покриви, употреби солзавец, пластични куршуми и чадни бомби за да ги растера демонстрантите, кои ја гаѓаа полицијата со камења, шишиња …

Солзавец, пластични куршуми и чадни бомби на демонстрациите во Минеаполис Read More »

Трамп премолче дека САД ја поминаа бројката од 100 илјади починати


Доналд Трамп молчеше за смртта на повеќе од 100.000 Американци од Ковид-19, додека САД го оплакуваа овој меѓник. Претседателот не даде коментар на Твитер за значајниот ден, но ја искористи платформата за да ги нападне технолошките компании за обидот да го цензурираат, еден ден откако Твитер постави предупредување за проверка на факти за едно од …

Трамп премолче дека САД ја поминаа бројката од 100 илјади починати Read More »

Фругалската четворка против француско-германскиот план за помош


По предлогот на Европска комисија за 750 милијарди евра помош за земјите најпогодени од пандемијата со Ковид-19, дел од земјите-членки на Европска Унија не се согласуваат за начинот на финансирање на планот односно како да се подигне кредит и како истиот да се враќа. Против планот на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Мануел …

Фругалската четворка против француско-германскиот план за помош Read More »

Меркел: Европа да преземе поголема одговорност во светот


Германската канцеларка Ангела Меркел побара Европа да преземе поголема одговорност во светот и изрази жалење што односите со САД се поинакви, посебно за прашањата за животна средина. – Треба да вложиме вонреден напор за да се избориме со вонредниот предизвик (новиот коронавирус), но јас сакам уште повеќе, сакам Европска Унија, посебно во време на криза …

Меркел: Европа да преземе поголема одговорност во светот Read More »

Трамп подготвува декрет за социјалните мрежи


Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршна наредба за социјалните мрежи, изјави неимуван претставник на Белата куќа. Трамп по предупредувањето од Твитер, корисниците да ги проверуваат фактите во неговите твитови, тој се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи. Твитер вчера првпат предупреди дека твитовите на Трамп водат кон дезинформации, а американскиот претседател го …

Трамп подготвува декрет за социјалните мрежи Read More »

Куомо се сретна со Трамп во Белата куќа


Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, синоќа во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп со кого разговараа за започнување важни инфарструктурни проекти за рестартирање на економијата во регионот. – Разговаравме како да се поттикне отварањето, посебно за Њујорк, кој најсилно настрада, изјави Куомо. Меѓу проектите за кои се разговарало се планот за изградба …

Куомо се сретна со Трамп во Белата куќа Read More »

Пожар во болница во Бангладеш, настрадаа петмина што се лечеле од Ковид-19


Најмалку пет пациенти кои се лекувале од Ковид-19 настрадаа во пожар што изби во болницата во Дака, главниот град на Бангладеш. Пет тела се извадени од импровизираната единица за изолација на болницата „Јунајтед“, во која се лечеле заразени од корона вирус, пренесе Ројтерс. За сега не е познато што е причина за пожарот, а во …

Пожар во болница во Бангладеш, настрадаа петмина што се лечеле од Ковид-19 Read More »