Мексиканка е првата која има и грип и Ковид-19

 

Една 54-годишна жен а од Моксико е првата која истовремено е заразена од Ковид-19 и грип А (Х1Н1), јавија синоќа мексиканските власти.

Таа има и автоимуни болести, боледувала од рак и има прекумерна тежина, како и хронична белодробна болест, рече Хозе Луис Аломиа, директор на одделението за епидемиологија во министерствтоо за здравство на редовната конференција за новинарите.

На пациентката сипмтомите ѝ се појавиле кон крајот на септември поради кои е сместена во болница во Националниот институт за исхрана. Лекарите оценуваат дека нејзината состојба е стабилна.

Мексико е четврта најпогодена земја на светот од корона вирус, а според најновите официјални податоци, има 83.781 смртни случаи и околу 817.503 заразени.